Електронските здравствени картички повторно ќе удрат по џебот на граѓаните
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2016 14:38
Нови осум милиони евра ќе легнат во буџетот.
Граѓаните ќе треба од свој џеб да платат нови 250 денари за обновување на електронските здравствени картички од 2011 година, со што буџетот ќе се наполни за нови 8 милиони евра на нивна сметка, иако претходно истите тие картички од владата на ВМРО-ДПМНЕ беа најавени за бесплатни, а и веќе еднаш се платени, пренесе Фокус.
На секоја електронска здравствена картичка пишува дека трае пет години, а веднаш по истекувањето на тие пет години треба да се обнови и граѓаните на своја сметка треба да платат уште 250 денари за таа намена.
„Фокус“ дојде до мејлот испратен од Фондот за здравство до сите матични лекари од кои се бара да ги известат своите пациенти дека треба да ги обноват електронските здравствени картички од 2011 година и за нив повторно да платат по 250 денари.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




