Електронското читање на потрошената вода во Гевгелија
Објавено во: Македонија 08 Април, 2013
Во Гевгелија екипите на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ замениле 300 стари со нови дигитални водомери. Од претпријатието посочуваат дека оваа операција продолжува се додека не се инсталираат предвидените 4.000 водомери во градот.
Од Комуналец информираат дека паралелно со замената од 1-ви мај ќе почне и електронското читање кое ќе покаже како и дали инкасаторите вршеле правилна контрола на потрошената вода за пиење.
За реализација на овој проект општина Гевгелија доби грант од околу половина милион евра и е една од осумте општини во земјата каде што се спроведува Програмата за кредитирање на водоснабдувањето, финансиски е подржана од германската и македонската Влада.