28 Септември, 2024
0.0552

Електронското рекламирање има ист успех како печатеното?

Објавено во: Анализа 07 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Интересната реклама во списание може да го привлече вниманието на читателот, додека тој ги  прелистува страниците, но може ли ваквата реклама да привлече некого, кога е прикажана на таблет? Се поголемото разноликост од големина на  екрани и формати за прикажување на реклами може да биде вистинска главоболка за пазарот. Ова се должи на фактот дека сеуште не е јасно кога и каде поставените на екранот реклами влијаат на потрошувачите. Сепак новите студии покажуваат дека рекламите во списанијата, разгледувани на таблет, се исто толку ефикасни како оние во печатените кампањи. Неодамнешна студија на GfK MRI Starch Advertising Research откри дека рекламите на специјалните верзии на списанијата за таблет го привлекуваат исто толку добро вниманието, како оние објавени во физичка копија. Компанијата спровела онлајн анкета, за да ги анализира реакциите на корисниците кон 28 624 реклами поставени во 805 списанија за таблети, издадени минатата година. Направена е споредба со оние за печатените изданија. Корисниците биле прашани дали се сеќаваат дека прочитале некоја реклама и дали се одговорат на реклами, и дали кликнале на реклами  кои имаат интерактивни функции. Најефикасните реклами во дигиталното издание биле меморирани кај повеќе од 80% од читателите, блиску до оние за печатените реклами. Корисниците најмногу внимание обрнуваат на реклами на производи за домаќинството и кај двата типа реклами. Според GfK печатените реклами на зеленчукови сокови имале во просек 66% успех во привлекувањето на вниманието. На второ место, со 64%, се редат пеперминт бонбони, храната, пијалоците, како и категориите со намалувања. Рекламите на супи, станови, градежни и стоковни куќи, исто така имале повисоки нивоа на успех. Во дигиталениот простор реклами на станови и згради, како и на стоковни куќи, имале највисок успех - 64%. Бонбоните кои биле проследени од 63% од корисниците. Меѓу испитаниците чие внимание го привлекла барем една реклама од таблет списание, тврдат дека интерактивните функции на списанието им помогнале да научат повеќе за производите и услугите кои се рекламираат. К.К.