ЕЛЕМ и МЕПСО „удрија“ на зимски туризам
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2014
“Изработката на физибилити студијата е со цел да се дефинира специфичната област од интерес и да се определи степенот на изготвување на мастер планиот. Со физибилити студијата треба да се идентификува голем дел од соодветниот терен во и околу идниот ски центар, а заедно со мастер планот треба да се постават основите за изградба на идниот ски центар и развој на туризмот. За таа цел, АД МЕПСО бара консултант, со големо искуство и успех во планирање на дестинации за зимски спортови и одморалишта од светска класа, за советодавни услуги во врска со развој на детална стратегија, концепт и обем на развој, територијално планирање и останати советодавни услуги, неопходни за успешно планирање, развој и имплементација на проектот“, објаснуваат од МЕПСО.Покрај проект за изградба на ски центарот Јабланица, МЕПСО планира да го развива и ски центарот Голак. Друштво за производство, услуги и промет Билд ДООЕЛ од Скопје за речиси 60.000 евра треба да изработи основен проект и техничка документација за изградба на ски центарот Голак. Со 10 милиони евра ЕЛЕМ ќе ја гради шестоседната жичарница на Попова Шапка Точно 581 милиони денари или 9,5 милиони евра ЕЛЕМ ќе плати за проектирање и изградба на шестоседната жичарница во ски центарот Попова Шапка, покажуваат информациите објавени на Електронскиот систем за јавни набавки. Италијанската компанија Leitner AG/Spa од Випитено, Италија го доби тендерот преку постапката со преговарање без претходно објавување на оглас.
“По спроведена постапка за набавка на работи: проектирање и изградба на објект шестоседа жичара на Ски центар Попова Шапка, со пуштање во пробна работа и обезбедување на одобрение за употреба по систем “клуч на рака“, пристигнати се две понуди. Понудата на едниот понудувач беше неприфатлива бидејки не одговараше на барањата од тендерската документација во делот за исполнување на критериумите за лична способност, додека понудата на вториот понудувач беше прифатлива, но несоодветна, во која понудувачот понуди вредност за извршување на договорот за јавна набавка која е повисока од предвидената во одлуката. Со тоа не е исполнет условот за спроведување на е-аукција и постапката целосно се поништи. Поради тоа, се спроведе нова постапка со преговарање без објавување на оглас, во која се покани учесникот кој во претходно спроведената постапка имаше прифатлива, но несоодветна понуда – Leitner – Italy“, е објаснувањето на ЕЛЕМ доставено до Бирото за јавни набавки.Инаку, скопската фирма Векон Инт ДООЕЛ Скопје за 203.250 евра лани го доби тендерот на државните Електрани за развој на ски центарот Попова Шапка. Овој консултант требаше да избере приватен партнер за развој, изградба, финансирање, користење, управување и одржување на скијачки центар Попова Шапка врз основа на постапка за воспоставување на јавно-приватно партнерство како концесија за јавна работа. Во конкуренција на уште една фирма, Векон ја доби зделката за да го советува ЕЛЕМ кој е најдобриот начин за давање под концесија на ски-центарот Попова Шапка. Според последните најави на ЕЛЕМ, мастер планот за ски центарот Попова Шапка предвидува и нови ски патеки и проширување на постојните, поголеми паркиралишта и реконструкција на главниот пат – активности кои треба да се одвиваат во првата инвестициона фаза, односно во 2014 година. Во втората и третата фаза се предвидува изградба на хотели и ресторани за кои Владата ќе бара концесионер. Неколкупати до сега владини претставници се сретнаа со истакнати личности од областа на зимските спортови од Словенија и Хрватска за да разговараат за можностите за развој на македонските скијачки центри. К.П.