ЕЛЕМ не може да најде консултант за докапитализација!
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2013 09:42
“Докапитализација значи зголемување на капиталната вредност на компанијата, а не продажба. На пример, со изградбата на Бошков мост вредноста на ЕЛЕМ ќе порасне. Тоа е еден вид докапитализација. Она што КПМГ го работи во Македонија за ЕЛЕМ е всушност проценка на вредноста на имотот на компанијата. Постојат неколку вредности на одредена компанија, на пример: со колку имот располага, потоа т.н. заменска вредност – колку пари се потребни за да ја замените таа компанија во дејноста во која работи и третата вредност е колку компанијата вреди на пазарот. Но, во делот на докапитализација не станува збор за ниту една од споменатите вредности. Нашиот модел е да најдеме партнер кој е подготвен да инвестира во ЕЛЕМ и на тој начин да стекне акции. Ако, на пример, вредноста на ЕЛЕМ е една милијарда евра, во тој случај за некој да добие 49% од акциите ќе треба да внесе уште една милијарда евра. Тогаш ЕЛЕМ ќе вреди две милијарди евра. Така инвеститорот ќе има 49% од капиталот на компанијата, а државата 51%. Можностите за тоа се различни. За да се реализира нешто такво, прв и основен чекор е да знаеме колкав е капиталот со кој располага ЕЛЕМ. Следниот чекор е да се избере странски консултант кој има искуство во издавање акции и барање стратегиски партнери со задача на тој консултант да изнајде оптимален модел за докапитализација на ЕЛЕМ, односно на кој начин да се дојде до дополнителни вложувања, односно инвестирања во компанијата“, изјави во јавноста поранешниот директор на ЕЛЕМ; Влатко Чингоски минатата година, објаснувајќи што всушност ќе значи докапитализацијата за државниот производител на струја.
К.П* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





