02 Ноември, 2024
0.0281

Елитниот туризам тешко ја заживува Црна Гора

Објавено во: Балкан 18 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

На црногорското приморје се уште постои луксуз во најава, а чекор кон елитниот туризам направија многу малку хотелиери.

Од моментот кога се одлучи за елитен, наместо за масовен туризам, Црна Гора се обидува да обезбеди и соодветна инфраструктура – елитни луксузни комплекси, но од многуте најави, многу малку заживеаја.

Поради сето ова дефиницијата за инвестиции на црногорското приморје последните години може да се одреди како луксуз во најава, а чекор кон елитниот туризам направија многу малку хотелиери, меѓу нив е и хотелот Порто Монтенегро.

- Јахтинг индустријата е нешто целосно ново, бидејќи тоа е индустрија која бара нови закони и нови правила кои треба да се усвојат. Ние сме тие кои некаде го пробивме мразот во целиот тој систем, така да на другите инвеститори ако правилно ги сложат коцките, ќе им биде многу полесно – вели Данило Калезиќ од Порто Монтенегро.

Рај за мегајахтите

Првите коцки овие денови ги сложува азербејџанската компанија Азмонт, која во Кумбор почнува изградба на луксузен ресорт One day only, прв од тој вид во Европа.

- Црна Гора брзо станува рај за мегајахтите. Од аспект на динамиката и убавината на државата ова е прекрасно место за развој на проектот. Планираме да инвестираме околу 500 милиони евра во тек на две години изградба на комплексот – најави Џејмс Вилсон од Азмонт Инвестментс.

Меѓутоа, сите проекти не напредуваат со иста брзина, јавува репортерката на Ал Џезира и потсетува дека договорот за изградба на комплексот на Луштица кај Херцег Нови е еден од најголемите во Црна Гора кој е потпишан во 2009 година, а изградбата почнала дури оваа година.

Инвеститорот, египетскиот ОРАСКОМ, во изградбата на тој миниград планира да вложи милијарда евра. Доцнењето од четири години го објаснуваат со општата криза и сложеноста на црногорската администрација.

- Добивањето на сопственичките права над земјиштето е само една од причините за ова доцнење. Ние имаме прв проект во Црна Гора кој мораше да помине ратификација во парламентот. Сакавме се да направиме како што треба и со оглед на тоа дека се работи за најголем проект во Црна Гора, беше потребно време – наведе Колин Кингсмил од фирмата Луштица Дивелопмент.

Широка лепеза на владините мерки

Црна Гора од 2008 година се потпира на странски инвеститори и затоа прави се да ги скуси процедурите, тврдат во Владата, со напомена дека лепезата на мерки е широка – од даночни повластици до јавно партнерство.

- Во тој сегмент мислам дека направивме многу. Административната процедура е неспоредливо подобра и поквалитетна сега од што беше и многу поедноставно се издаваат градежни дозволи. Урбанистичките услови се подобрени. Најдобар пример е дека во последните 10 дена издадовме некои од можеби најзначајните дозволи и за Луштица и за другите туристички проекти – тврди Небојша Поповиќ од Секретаријатот за развојни проекти на Црна Гора.

Без оглед на се, многу хотели на црногорското приморје со години собираат прашина, а проблемот со неодговорноста на инвеститорите и пасивноста на државните институции Владата се обидува да ги надмине со донесување на одлука за раскин на договорите и барање на надомест.

Извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

РАМА ОДИ НА СРЕДБА СО АЛБАНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Ултранационалистите ќе го пречекаат со протести

РАМА ОДИ НА СРЕДБА СО АЛБАНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Ултранационалистите ќе го пречекаат со протести

ТАГА ВО НОВИ САД: Загинаа млад фудбалер и неговата девојка

ТАГА ВО НОВИ САД: Загинаа млад фудбалер и неговата девојка

ВРАБОТЕНА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Mислевме дека некој фрлил бомба, парчиња од конструкцијата паднаа за 10-20 секунди

ВРАБОТЕНА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Mислевме дека некој фрлил бомба, парчиња од конструкцијата паднаа за 10-20 секунди

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!