11 Април, 2025
0.0544

Елизабет Тејлор најбогата меѓу починатите славни личности

Објавено во: Стил 25 Октомври, 2012 11:38

Добивај вести на Viber

Елизабет Тејлор е прва на листата на Форбс која рангира познати починати личности, чии приходи по нивната смрт ја надминуваат сумата од пет милиони долари.
Во име на легендарната холивудска актерка Елизабет Тејлор која почина во март минатата година,  се собрани 201 милион долари, а поголемиот дел од сумата доаѓа од аукциите за продажба на нејзиниот накит и аксесоарите. Останатиот дел се од хонорарите за нејзините филмови и од продажбата на парфемот на Тејлор.
На второ место на листата на Форбс е Мајкл Џексон, кој почина во 2009 година. Приходите после неговата смрт изнесуваат 149 милиони долари.
Трет е Елвис Присли, кој почина во 1977 година и чии наследници лани добиле 55 милиони долари.
Меѓу првите десет на листата на Форбс се и авторот на комедии и анимирани филмови Чарли Браун, кралот на регето Боб Марли, актерката Мерлин Монро, како и физичарот Алберт Ајнштајн со десет милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите