Емилија Десановска: Приватното здравствено осигурување станува есенцијална потреба во нашето секојдневие
Објавено во: Економија 28 Април, 2021 16:05
Граѓаните го воочуваат бенефитот со полисата за приватно здравствено осигурување, посебно во време на пандемија каде што достапноста на услугата во приватните здравствени установи станува есенцијална потреба, вели Емилија Десановска, агент за приватно здравствено осигурување во СН осигурителен брокер. Компанијата нуди пакет за доброволно приватно здравствено осигурување кој покрива трошоци за низа здравствени услуги меѓу кои и специјалистички прегледи, лабораториски анализи и испитувања, трошоци за лекови и доста други. Десановска вели дека во услови на пандемија и предизвикана нестабилност во економијата што влијаеше и на животниот стандард, осигирувањето се покажува како важна алка од секојдневието, покривајќи ги ризиците кои што произлегуваат.
Очекувате ли подем на пазарот и зголемен интерес за приватното здравствено осигурување?
Десановска: Заинтересираноста за овој вид на осигурување секоја година бележи растечка тенденција. Граѓаните го воочуваат бенефитот со полисата за приватно здравствено осигурување, посебно во време на пандемија каде што достапноста на услугата во приватните здравствени установи станува есенцијална потреба. Со тоа, намената со поседувањето на овој вид на пакет ни овозможува значително олеснување на трошоците.
Какви пакети, кои продукти им ги нудите на вашите клиенти, на осигурениците од аспект од оваа палета односно кога приватното здравствено осигурување е во прашање?
Десановска: СН Осигурителен Брокер АД Битола во соработка со осигурителната компанија Евроинс АД Скопје, го нуди најдобриот пакет за доброволно приватно здравствено осигурување “SN Eurohealth”, кој чини 515 денари месечно и овозможува користење на здравствените услуги во сите приватни здравствени установи во земјата, притоа покривајќи 70 проценти од направените трошоци. Исто така, со доплаток од 235 денари месечно, овозможуваме покритие од малигно заболување и доделуваме гратис PCR тест за Ковид-19. Нудиме и можност за целосно покривање на трошоците односно 100 отсто, со месечно плаќање од 1.282 денари.

Што се е опфатено, односно што покрива една полиса за приватно здравствено осигурување?
Десановска: Пакетот ги покрива трошоците за низа на здравствени услуги кои што се опфатени специјалистички прегледи, основни дијагностички мерења и снимања, лабораториски анализи и испитувања, Амбулантски интервенции, Амбулантска рехабилитација, комплексни дијагностички постапки, трошоци за лекови, дневна болница и дневна хирургија, дел од операции, дел од стоматолошки интервенции.
Голем бенефит со поседувањето на полиса од ваков вид е тоа што во самата цена ги покрива и трошоците за состојби на бременост и породување, времето на престој во болница, нормално или со царски рез по медицинска индикација, трошоците од болничкото лекување поврзани со услуги од гинеколошка дејност, трошоци за болничко лекување на осигуреникот при спонтан абортус.
Кои граѓани, кои категории работници би можеле да имаат вакви полиси, од досегашното искуство кој е најзаинтересиран?
Десановска: Не постои селективност за кого е наменет овој пакет, односно неговата потреба е за сите лица, без разлика на професијата. Единствен услов е секој да биде осигуреник под ФЗОМ, без разлика на статусот вработен/ невработен, притоа на возраст од 0-65 години.
Владата усвои предлог измени на Законот за данокот на добивка и на Законот за персонален данок на доход со кои трошоците кои компаниите ги уплатуваат како премија за доброволно здравствено осигурување до износот од една просечна плата се признат расход. Дали е тоа позитивен импулс и за осигурителните компании, но и за фирмите и за вработените?
Десановска: Со промената на даночниоттретман натрошоцитеза платени премии за доброволното приватно здравствено осигурување кои компаните гиплаќаат за своите вработени создава меѓусебна вредност, односно фирмите ја покажуваат својата одговорност инвестирајќи во своите вработени, а тие добиваат стимул и мотивација со тоа што се вложува во нив.

Сега е специфично време, скоро една година трае пандемијата, како тоа се одрази на осигурувањето?
Десановска: Пандемијата предизвика нестабилност во економијата и тоа директно има влијание на животниот стандард. Уште еднаш осигирувањето се покажува како важна алка од нашето секојдневие, покривајќи ги ризиците кои што произлегуваат. Иако во време на пандемија и економска криза, СН Осигурителен Брокер АД Битола одговори на побарувањата на клиентите и имаше значителна исплата на штети. Поради дадената поддршка, несомнено клиентите тоа го ценат и вреднуваат така што се зголеми нивниот интерес за да си обезбедат сигурност, што соодветствува на зголемената побарувачка за осигурување.
Во делот на доброволното приватно здравствено осигурување, окупираноста на капацитетите во јавното здравство и поголемата достапност на услугите во приватните здравствени установи, ни дава комфорност во делот на покриеноста на трошоците.
СН Осигурителен Брокер АД Битола како општествено одговорна компанија, секогаш се грижи за клиентите и нивната достапност до продуктите кои што ги нуди. Во тој поглед, организира месец на попусти за доброволното приватно здравствено осиурување.
Кажете ни нешто за акцијата?
Десановска: Акцијата се однесува на цел месец Мај, односно од 01.05 до 31.05.2021, со тоа што секој што ќе направи полиса за доброволно приватно здравствено осиурување добива 15 отсто попуст.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




