19 Декември, 2025
0.0495

Еминентни имиња, експерти со долгогодишно искуство – Формирано првото СОВЕТОДАВНО тело во Министерството за енергетика

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2025 16:32

Добивај вести на Viber

По иницијатива на министерката Сања Божиновска, во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е формирано Советодавно тело составено од еминентни имиња од академската заедница, експерти и интелектуалци со долгогодишно искуство во областа на енергетиката, рударството и одржливиот развој.

Ова тело има консултативна функција и ќе обезбедува стручна поддршка и мислење во процесот на креирање и унапредување на енергетските и рударските политики, со фокус на националната енергетска транзиција, подобрување на регулативата, инвестициската рамка и безбедноста на снабдување со енергија и минерални суровини.

Целта на Советодавното тело е да се обезбеди дополнителна експертиза и поширока перспектива при носењето на важни стратешки одлуки и реформи. Членовите на телото ќе имаат улога и во анализа на клучните предизвици, изработка на предлози и укажување на добри практики, како и во поттикнување на јавна и научна расправа за развојот на овие сектори.

„Го формиравме ова тело со цел Министерството да има континуиран пристап до експертско знаење и критичка мисла, втемелена во научни и практични основи. Верувам дека овој пристап ќе придонесе за поквалитетни политики и поодржливи решенија за иднината на енергетиката и рударството во државата“, истакна министерката Божиновска.

Членовите на Советодавното тело ја одржаа и првата конститутивна седница. Ја поздравија идејата и ја оценија како значаен и визионерски чекор, истакнувајќи дека ја ценат иницијативата на министерката која препозна дека нивната експертиза не само што може да и помогне на државата, туку и да ја унапреди и подигне на уште повисоко квалитетно ниво.

На првиот состанок произлегоа многу идеи за новини во секторите и подобрување на состојбите. Советодавното тело ќе се состанува на редовни состаноци, но и по потреба во фокусирани тематски експертски групи за одделни проекти или специфични потреби.

Сите членови на Советодавното тело изјавија дека ѝ стојат на располагање на државата, и тоа без никаков надомест, секогаш кога ќе биде побарано нивното учество.

Во првата фаза, членовите на телото ќе му помогнат на Министерството при изработката на подзаконските акти кои треба да го дорегулираат обемниот нов Закон за енергетика.

Министерството ги вреднува и цени знаењата и искуствата на нашите експерти. Само преку инклузивен пристап и со вклученост на сите релевантни чинители, можат да се креираат одржливи решенија што вистински ќе придонесат за развојот на нашата земја.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии