18 Декември, 2025
0.0465

ЕМИРАТИ: „Цената на нафтата не може да се заштити!“

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2015 11:59

Добивај вести на Viber

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) не може да ги заштити глобалните цени на нафтата кои бележат континуиран пад од јуни минатата година, соопштија денес властите на Обединетите Арапски Емирати, додавајќи притоа дека неопходно е намалување на производството на нафта од нафтени шкрилци во САД. Падот на цената на нафтата се забрза откако во ноември ОПЕК одлучи да го задржи нивото на производство од 30 милиони барели дбевно. Аналитичарите наведуваат дека богатите членки на ОПЕК како што се Обединетите Арапски Емирати, подготвени се да прифатат и пониски цени во надеж дека тоа ќе ги примора производителите на нафта од нафтени шкрилци, кои имаат поголеми трошоци, да се повлечат од светските пазари. „Не можеме да ја заштитиме цената на нафтата и да ја задржиме на едно ниво. Сведоци сме на огромна понуда на нафта, посебно од нафтени шкрилци, и тоа мора да се промени“, истакнал министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати, Сухаил ал Мазруи. Барел американска „лесна“ нафта „WTI“ за испорака во февруари поевтинил на берзата во Њујорк за 82 центи на 45,25 долари, додека барел северноморска нафта од типот „Брент“ за испорака во февруари на пазарот во Лондон поевтинил за 99 центи на 46,44 долари, пренесува агенцијата „Франс прес“. Аналитичарите веќе предвидуваат дека цената на црното злато годинава ќе падне под нивото од 40 долари за барел. „Голдман сакс“ предвидува дека „WTI“ во наредните шест месеци ќе падне на 39 долари за барел. Производителите на нафта во ОПЕК треба да бидат рационални во повлекувањето на производството, рекол министерот, додавајќи дека моменталните цени на црното злато се неодржливи. Претседателот на Иран, Хасан Рохани, порача денеска дека земјата која стои зад падот на цената на нафтата во светот ќе зажали за своите одлуки, предупредувајќи  дека Саудиска Арабија и Кувајт, заедно со Иран, ќе патат најмногу поради вртоглавиот пад.  

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил