Енергетска ефикасноство пракса – „Лазо Ангеловски“ е едно од првите училиште со систем за следење на потрошувачката на енергија
Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2025 07:19
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес го посети основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, каде што веќе се инсталирани и успешно функционираат современи системи за паметно мерење и управување со потрошувачката на електрична енергија – дел од иницијативата што започна со потпишаниот Меморандум за соработка со Македонски Телеком.

На посетата присуствуваа министерката Сања Божиновска, главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Присутните се запознаа со начинот на функционирање на паметниот систем, кој овозможува во реално време да се следи потрошувачката на електрична енергија, да се идентификуваат непотребните загуби и да се креираат стратегии за поефикасно користење на ресурсите.
„Со вакви проекти ја потврдуваме определбата дека енергетската ефикасност мора да почне од темелите – од училиштата. Она што денес го видовме во „Лазо Ангеловски“ е доказ дека партнерствата со приватниот сектор можат да донесат конкретни и мерливи резултати за јавните институции,“ истакна министерката Сања Божиновска.

Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, нагласи дека компанијата останува доследна на својата стратегија за дигитализација и енергетска одржливост:
„Енергетската ефикасност е клучна за нашата иднина и можеме да ја постигнеме само со заедничка работа. Со нашата модерна технологија и партнерството со институциите, може да направиме вистинска разлика за граѓаните и општеството. Оваа донација е одлучен прв чекор кон енергетски ефикасни училишта и институции кои го носат напредокот и ги штитат ресурсите за идните генерации.“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изрази благодарност до Министерството и до Македонски Телеком за поддршката:
„Како општина сме горди што токму едно од нашите училишта е меѓу првите примери на ваква современа технологија. Ова е чекор кој ја унапредува локалната инфраструктура и поставува основа за поширока примена на паметни решенија во образованието.“

Директорката на училиштето, Магдалена Петревска, ја истакна практичната придобивка за наставниот и административниот кадар:
„Системот ни овозможува подобра организација на трошоците и поголема енергетска дисциплина. Но најважно е тоа што децата учат од пример – дека рационалното користење на енергијата е секојдневна обврска на сите нас.“

Ова е прв чекор во воведувањето паметно следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во јавните институции, а освен во „Лазо Ангеловски“ системот за паметно мерење и управување со електричната енергија е имплементиран и во основните училишта „Мирче Ацев“ (Ѓорче Петров), „Исмаил Ќемали“ (Чаир) и „Кирил Пејчиновиќ“ (Кисела Вода).

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





