05 Декември, 2025
0.2808

Енергетските фирми бараат реална цена на струјата, пред или по зимата!

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2012 15:28

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика ќе ги менува правилниците со кои се утврдува цената на електричната енергија. Според најавите корегирање на цената на електричната енергија ќе се случува кон средината на годината, а не како досега кога тоа се правеше во последниот месец од тековната година. Сепак, енергетски експерти тврдат дека со промената на правилниците, практично се бара начин како регулаторите да не дозволат зголемување на цената на струјата со почетокот на новата 2013 година, особено нe пред локалните избори и во зимскиот период кога потрошувачката на струја е огромна, а новата повисока цена ќе претставува дополнителен удар врз џебот на граѓаните. ЕВН: Да се земат предвид сите трошоци Енергетските компании, кои доставуваат пресметки до Регулаторната комисија за енергетика за своите трошоци, за последните најави за промена на правилниците излегоа со свој став. ЕВН Македоннија, нема проблем со промената на правилниците, но инсистира кога ќе се одлучува за корегирање на цената на струјата регулаторите да ги имаат во превид сите трошоци. -Одлуката за измена на правилниците ќе ја почитуваме во целост. За нас, не е толку важно дали трошоците ќе се поднесуваат во декември или јуни, многу поважно е Регулаторната комисија за енергетика реално да ја прави пресметка за максимален приход и максимална цена, на сите компании кои учествуваат во креирањето на цената на електричната енергија“, велат во ЕВН Македонија. Државните електрани  ќе почекаат официјална информација за тоа што ќе се случувало и што точно се предвидувало во однос на правилникот, па дури потоа ќе излегле со свој став. „Не би ја коментирале тезата дека тоа е врзано со локалните избори. За тоа впрочем треба да се праша РКЕ која е надлежна за правилникот. Тоа повеќе кружи како шпекулација, одошто како официјална потврда од релевантна институција. Значи, согласно постојниот правилник, сите компании се, или како што тврдите вие, беа обврзани да ги достават пресметките на трошоците во однос на работењето, два месеци пред истекот на тековната година, и тоа ние сме го почитувале“, изјавија за Фактор од ЕЛЕМ. МЕПСО: Издржано решение Од МЕПСО потенцираат дека ќе ги почитуваат во целост евентулните измени на правилниците. „Одлуката на Регулторната комисија за енергетика за измени во правилниците АД МЕПСО ќе ја почитува во целост и ја поддржува заради тоа што во стручната јавност се наметна прашањето за термините во кои се поднесуваат барањата за регулиран максимален приход. Ова решение е издржано и е производ на стручни дебати и опсежни согледувања на материјата што се регулира со правилниците“, велат за Фактор од МЕПСО. Регулаторната комисија за енергетика вчера ја потврди веста која ја објави ФАКТОР дека се подготвува промена на правилниците за да до крајот на годинава не се случи уште едно поскапување на струјата, особено не, пред одржувањето на локалните избори во Македонија закажани за во март 2013 година. „ Регулаторната комисија за енергетика планира до крајот на овој месец да започне постапка за измени на правилниците со кои се предлага датумот на поднесување на барањето за регулиран максимален приход и цена да биде до 30 април, односно 31 мај 2013 година, во зависност од регулираната дејност. Основна причина за оваа измена е да се овозможи базната година која е репер за сите години од регулираниот период да биде една година пред тековната година од регулираниот период, а не две години како што е со постојните правилници. Целта на овие измени е предвидувањата на одобрените трошоци и количини на електрична енергија на регулираните претпријатија за секоја година од регулираниот период да бидат попрецизни“, беше одговорот од Регулаторната комисија за енергетика. Инаку, последното поскапување на струјата се случи вонредно во август, тогаш Регулаторната комисија за енергетика ја зголеми цената на струјата за речиси 10%, а паралелно ја укината и ефтината струја преку ден. Овие одлуки предизвикаа лавини реакции во јавноста, а новите повисоки сметки за струја, за парно греење и на нафтени деривати, инцираше граѓански протести организирани од граѓанската иницијатива „АМАН“. И.М.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања