18 Декември, 2025
0.0392

ЕП: Турција да се реформира и да ја почитува демократијата и принципите на ЕУ

Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2015 20:06

Добивај вести на Viber

Турција треба да стави крај на процесот на реформи во центарот на внатрешната политика и да се ангажира недвосмислено со почитување на демократските права и принципи, кои се во основата на ЕУ. Тоа се вели од Европскиот парламент (ЕП) во резолуцијата за напредокот на Турција во 2014 година.

Пратениците ја повикуваат Турција да ги почитува слободата на медиумите, слободата на говорот и независноста на судството и да ги прифати резултатите од неуспехот на парламентарните избори.

Европската комисија треба да го ревидира начинот на кој се водени преговорите досега, и како би можеле да бидат подобрени и зајакнати односите и соработката меѓу ЕУ и Турција, наведуваат членовите на ЕП. Тие исто така ја повикуваат Европската комисија да ги поддржи напорите на турската влада за завршување на мировниот процес со курдската заедница преку социо-економски и образовни програми во југоисточниот дел на Турција.

„Турските гласачи дадоа знак дека сакаат промена. Ние не би требало да им ја затвориме вратата“, изјавил известувачот Кети Пири.

 „Овој извештај јасно повикува на повеќе, а не помалку, посветеност со Турција на сите нивоа“, додала таа, откако нејзиниот извештај беше одобрен со 432 гласа „за“, 94 „против“ и 127 воздржани.

Европратениците изјавуваат дека изборите покажале „отпорност на турската демократија и демократскиот дух на нејзините граѓани“ и го поздравија „најрепрезентативниот парламент во модерната историја на Турција“.

ЕП ги повика сите политички партии да работат заедно за формирање на стабилна коалициска влада, која ќе даде нов поттик на процесот на демократизација на Турција и дијалогот за реформи со Европската унија.

Членовите на Европскиот парламент се загрижени за независноста, непристрасноста и ефикасноста на судството и поделбата на власта во Турција. Исто така турската влада треба да ја гарантира слободата на медиумите, „како приоритетно прашање“, посочуваат европратениците и велат дека неодамнешните активности на властите против слободата на медиумите и плурализмот на мислењата се некомпатибилни со основните права на ЕУ и „е во спротивност со продолжувањето на процесот на преговори“.

Парламентот ги осудува обидите на турската влада за забрана на пристапот до социјалните медиуми и веб-сајтови за заплашување на новинари и други видови притисоци врз медиумите. ЕП го повика Советот да почне преговори во областа на правосудството и фундаменталните права, за да се поттикне извршувањето на ефективни реформи. Европратениците нагласуваат дека Турција мора да покаже поголема политичка волја за создавање на соодветна правна рамка за борба против корупцијата.

Соработката меѓу ЕУ и Турција во областа на надворешната политика и борбата против тероризмот треба да биде тесна, сметаат европратениците. Турција треба да ги користи сите ресурси, за да се бори со терористичките групи како т.н. „Исламска држава“ во Ирак и Левант, дополнуваат членовите на ЕП. Тие исто така истакнуваат дека се потребни понатамошни напори за стимулирање на директните контакти, вклучително и преку либерализација на визниот режим.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата