Добивај вести на Viber
Епл ја претстави пред јавноста помалата верзија на својот „iPad“, а цените почнуваат од 329 долари за верзијата со 16 GB, јавува СНБС. Технолошкиот гигант исто така ја претстави и четвртата генерација на класичниот „iPad“, чии цени почнуваат од 499 долари.
Четвртата генерација на „iPad“ има нов процесор А6Х, WiFi конекцијата ќе биде двојно побрза, а работната способност - двојно поголема. Батеријата, како и досега, ќе издржува работа од 10 часа.
Фокусот на презентацијата, сепак беше на долгоочекуваниот „iPad Mini“, кој им ја обезбедува на корисниците истата функционалност како и поголемата верзија. Има со екран од 7,9 инчи (класичниот „iPad“ е 9,7-инчен), дебелина од 7,2 милиметри и тежина од 300 грама. Батеријата на мини таблетот исто така издржува 10 часа.
За некои корисници, може да биде разочарувачка резолуцијата на екранот које е како на првиот „iPad“, бидејки му недостига добриот контраст од последните верзии.
Епл ќе почне да прима нарачки за мини таблетот од петок, а се очекува испораките да почнат во рок од две недели.
Компанијата ги претстави уште новата генерација на својот десктоп „iMac“, како и „MacBook“ - нејзиниот најдобро продаван лаптоп. Новиот „MacBook Pro“ е тенок помалку од 1 инч (2,54 cm) и за 20% полесен и тежи само 1,6 килограми.Новиот „iMac“ пак има за 45% потенок екран.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: