05 Декември, 2025
0.0587

ЕРА Сити на Скопски саем за три до четири години

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2013 11:53

Добивај вести на Viber

За три до четири години, Скопски саем и меѓународната групација Три Гранит ќе го реализираат проектот ЕРА Сити, чија вредност се проценува на 130 милиони евра.

- Договорот е заеднички да го реализираме проектот. Во изминатите години поради кризата беше успорен проектот, но ние вложивме 8,5 милиони евра во инфраструктура која претставува подготовка за полесна реализација на проектот, рече на денешната прес-конференција претседателот на Управата на групацијата ЕРА Гвидо Омладич.

Главниот мотив да се реализира овој проект, Омладич, потенцира дека е да се дадат сите потребни содржини на она што досега се реализира на Скопски саем, а тоа се над 200 случувања во годината.

Торок потенцира дека Групацијата ќе може да го пренесе искуството во градењето што го има во реализација на проекти 10 земји. Вредноста на проектите што ги има реализирано се 2,5 милијарди евра.

- За нас ова е предизвик бидејќи прв пат станува збор за проект каде може да го пренесеме нашето искуство и знаење од другите земји каде сме активни, изјави Торок.

ЕРА Сити, како што посочија на прес-конференцијата, ќе биде еден од најголемите комплекси во Југоисточна Европа. Ќе содржи деловен центар, шопинг центар, деловни објекти, хотел, катна гаража, забавен центар и се што е потребно за еден ваков комплекс.

Договорот за соработка двете компании го потпишаа на 11 февруари оваа година. Покрај реализацијата на новиот проект корпорацијата ТриГранит ќе биде вклучена во реализација на настаните на Скопски саем и Метрополис Арена како повеќенаменска мултифункционална изложбена хала.

Три Гранит е едно од најголемите претпријатија кое се занимава со развој на недвижности во Европа, како и со инвестиции, развој и управување со недвижности. Работи во седум држави во Средна и Југоисточна Европа и  има големо портфолио на довршени атрактивни недвижности, бројни подготвени проекти за повеќенаменска цел, како и со многуте инвестиции во јавно-приватно партнерство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски