Добивај вести на Viber
По големите апсења и скандалот за корупција на високо ниво, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган планира голема реконструкција на кабинетот. Како што објави весникот „Хуриет“ , се очекува премиерот до крајот на декември да смени десет министри.
Вчера оставка понуди министерот за внатрешни работи на Турција, Муамер Гулер, чиј син беше уапсен во големиот корупциски скандал. Турската полиција за седум дена приведе десетици лица блиски до Ердоган, а разрешени беа70 полициски инспктори.
Премиерот Ердоган оваа истрагата ја нарече „валкана кампања“ против неговата власт. Тој ја поврза со бранот протести кои ја тресеа Турција летово, а синоќа ги предупреди своите противници да не ја користат антикорупциската акција. Кој ќе работи на поткопување на неговата власт, тој се закани дека „ќе крши раце“.
Развојот на настаните во Турција разоткри длабок расцеп меѓу Ердоган и неговиот поранешен сојузник Фетулах Ѓулен. Се смета дека позицијата на Ердоган не е директно загрозена, но дека спорот може да влијае на резултатите од локалните избори во март.