ЕРДОГАН ЛУТ НА БРИСЕЛ: ЕУ секогаш ја мамел и бил неискрен со Турција
Објавено во: Балкан 21 Март, 2016
Турција одамна требаше да има склучено договор за безвизната Шенген зона, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во изјавата за време на пренос во живо на државната телевизија ТРТ во неделата вечерта, Ердоган ја обвини Европската унија дека е неискрена во процесот на пристапување на Турција кон Унијата.
„Всушност, ние одамна сме заостанати со влегувањето во Шенгенскиот договор. Официјално сме поднеле барање за членство во ЕУ во 1963 година, и за време на овој процес тие се секогаш ни мамеа. Тие никогаш не биле искрени. И сеуште не се искрени“, рече Ердоган.
Неодамна ЕУ и Турција се согласија за нова зделка, според која рокот се согласија да го забрза процесот на приемот на Турција во замена за запирање на бегалскиот поток кон Европа.
Според договорот бегалците и барателите на азил, кои се обидуваат да влезат во Европа нелегално, ќе бидат вратени во Турција почнувајќи од неделата, изјави за агенцијата Анадолија турскиот министер за европски прашања Волкан Бозкир.
За секој вратен во Турција бегалец или барател на азил, Сириец од камповите во Турција ќе се испорачува во Европа. Оние кои се обидуваат да навлезат нелегално во Европа, нема да имаат право да се преселуваат во ЕУ.
ЕУ се очекува да го забрза процесот за пристапување со отворањето до 30 јуни на 33 глава за финансиски и буџетски одредби. Анкара побара од Брисел, исто така безвизен режим за патување на нејзините граѓани до крајот на јуни и дополнителни 3 милијарди евра за задоволување на потребите на сириските бегалци во Турција.