17 Декември, 2025
0.0731

Ердоган по победата: „Победија и Сараево и Скопје!“

Објавено во: Балкан 11 Август, 2014 10:54

Добивај вести на Viber

Досегашниот турски премиер и победник на вчерашните први директни претседателски избори во Турција Реџеп Тајип Ердоган, во победничкиот говор на прославата за изборните резултати, нагласи дека со неговиот избор, освен Турција, победиле и Бејрут, Кабул, Сараево и Скопје. „Денеска не победи само Реџеп Тајип Ердоган. Победи волјата на народот. Демократијата повторно победи. Денеска победија оние кои ме ценат, но и оние кои не ме ценат. Денеска победи нова Турција, лидерска, напредна Турција. Но, не само Турција, денеска победија Кабул, Бејрут, Сараево и Скопје. Денеска победија Дамаск, Рамалах, Газа и Ерусалим“, рече Ердоган, според кого неговата изборна победа значи победа за сите пријатели на неговиот народ во целиот свет. „На сите им испраќаме поздрави, на сите кои не поддржаа на каков било начин“, додаде тој. Истовремено, им се заблагодари на турските гласачи кои му ја дале добвербата за нова функција. Турскиот претседател извојува победа во првиот круг од претседателските избори, надминувајќи го потребниот праг од 50% плу еден глас. Во своите говори тој честопати ја споменува поддршката која ја добива од Македонија. Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија во заминување Жозе Мануел Баросо утрово му ја честитаа изборната победа на Ердоган за претседателската функција. „Турција е клучен партнер на Европската унија, земја-кандидат која преговара со ЕУ за членство, сосед, важен трговски партнер и надворешнополитички сојузник“, стои во соопштението од Брисел. Двајцата високи европски претставници истакнале дека се радуваат на интензивирање на соработката во сите наведени подрачја. Ромпуј и Баросо додале дека веруваат оти Ердоган ќе има улога на помирување, каква што бара неговата нова позиција и дека ќе води сметка за сите заедници, верници, чувства, мислења и за начинот на живот во турското општество.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни