28 Ноември, 2024
0.0272

Ердоган повика да се повлечат демонстрантите, бидејќи ја загрозувале економијата?!

Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повика денеска демонстрантите да се повлечат од централниот истанбулски парк Гези по 12 дена протести. „Ве повикувам да се повлечете од паркот и ве молам како премиер, рече Ердоган на состанок на парламентарна пратеничка група на партијата на правдата и развојот. Според него, загрозена е турската економија заради целокупната ситуација во државата и постоењето „намери да се наруши имиџот на Турција што е дел од систематски план“. Стотици специјалци денеска дојдоа на плоштадот Таксим во Истанбул и со водени топови и солзавец ги растераа демонстрантите бидејќи слична акција ноќеска беше спроведена во Анкара. Полицијата употреби солзавец врз демонстрантите како и гумени куршуми за да ги натера да побегнат од плоштадот кон блискиот парк Гези каде ноќеска кампуваа. Дел активисти возвратија со ракети за огномет, противпожарни бомби и камења врз полицијата, јавуваат западни медиуми. „Што очекуваат демонстрантите, да молам пред нив? запраша Ердоган во обраќањето кон парламентарците до својата партија каде често беше прекинуван со аплаузи, јави Би-Би-Си. Ги повикувам оние што се искрени да се повлечат оттаму и тоа го очекувам од нив како премиер, нагласи Едоган . „Тројца млади луѓе и еден полицаец загинаа во тие настани. Не е можно она што се случи да биде разгледано како невин отпор, додаде Ердоган. Тој ги обвини странските медиуми дека имаат задни намери и рече дека турската економија директно била цел на настаните.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

„ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА БЕШЕ ВО ПРЕДИНФАРКТНА СОСТОЈБА“ - се огласи братот на Горан Весиќ: Со притворот му е потпишана смртна пресуда

„ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА БЕШЕ ВО ПРЕДИНФАРКТНА СОСТОЈБА“ - се огласи братот на Горан Весиќ: Со притворот му е потпишана смртна пресуда