Ерјавец: Можен е компромис по прашањето за „Љубљанска банка“
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2013 10:47
Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец потврди дека ќе се сретне во Брисел со шефот на хрватската дипломатија Весна Пусиќ за да разговара за изнаоѓање компромисно решение во врска со „Љубљанска банка“.
- Можно е да се најде решение и словенечкиот Парламент да го ратификува договорот за членство на Хрватска во ЕУ, истакна Ерјавец.
Тој повтори дека Словенија не може да го ратификува договорот за Хрватска доколку процесите покренати пред хрватските судови против затворената словенечка банка не бидат прекинати. Во спротивно финансиските последици можат да бидат тешки за Словенија, бидејќи таа ќе треба да плати обештетувања за девизните заштеди меѓу 800 милиони и три милијарди евра, зависно од каматите.
Ерјавец нагласи дека прашањето за девизните заштеди е прашање поврзано со наследството на поранешна Југославија, додавајќи дека е можен компромис со Хрватска.
При распадот на поранешна Југославија околу 430.000 Хрвати имале депозити во словенечката „Љубљанска банка“, која банкротира во 90-тите години. Веднаш потоа Хрватска обештети две третини од штедачите во вредност од околу 270 милиони евра, па сега бара Словенија да и ја врати оваа сума.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





