12 Декември, 2025
0.0711

ЕСМ го разреши бакалот од Лажани по два месеци директорување

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2022 11:28

Добивај вести на Viber

ЕСМ по неполни два месеци го промени директорот од прилепско Лажани, инаку сопственик на локален маркет, кој досега беше прв човек на подружницата која купува увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја.

АД ЕСМ на крајот од август го назначи Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ Продажба. Функцијата управител тој требаше да ја врши на определено време од 12 месеци во периодот од 1 септември до 31 август следната година. 

Инаку ЕСМ Продажба за помалку од една година изротира четворица директори. Сега на местото на Црновршанин со мандат од шест месеци е назначен Златко Пиперкоски, поранешниот директор на РЕК Осломеј кој беше разрешен пред една година поради потребата од кадровски промени со енергетската криза.

Претходно, поранешниот советник на екс-премиерот Зоран Заев, Александар Обрадовиќ, по шест месеци беше отповикан на почетокот на годинава. Потоа на поранешно ЕЛЕМ Трејд за директор беше назначен Синиша Ивановски.

ЕСМ Продажба во изминатиот период е критикувана од опозицијата за продажба на ноќни вишоци на електрична енергија на привилигирани трговци по цени кои се пониски од берзанските.

За време на грејната сезона се очекува поголема активност од ЕСМ Продажба во купувањето на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Владата со одлука веќе одобри 50 милиони евра за авансни плаќања во енергетската криза, а дел од овие пари се предвидени и за купување на увозна струја.

Минатиот месец од државните електрани беше објавен огласот за оператор од кого ќе набави струја за технички загуби во електродистрибутивната мрежа, каде што се вклучени и комерцијалните загуби и таканареченото „крадење“ на електрична енергија.

ЕСМ оваа година со енергетската криза се обврза покрај тоа што 100 отсто ќе ги покрие потребите на универзалниот снабдувач ЕВН за граѓаните и малите потрошувачи, и целосно да ги покрие техничките загуби во системот за „ЕВН Електродистрибуција“.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски

Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување

Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување

ВО ЗЕМЈАВА ИМА 80 ИЛЈАДИ АКТИВНИ КОМПАНИИ: Расте бројот на отворени бизниси

ВО ЗЕМЈАВА ИМА 80 ИЛЈАДИ АКТИВНИ КОМПАНИИ: Расте бројот на отворени бизниси