ЕСМ бара снабдувач за покривање на загубите на струја што се крадат
Објавено во: Економија 26 Септември, 2022 07:30
ЕСМ на крајот од минатата недела го објави огласот за оператор од кого ќе набави струја за технички загуби во електродистрибутивната мрежа, каде што се вклучени и комерцијалните загуби и таканареченото „крадење“ на електрична енергија.
Загубите во електродистрибутивната мрежа на електрична енергија лани ги чинеле граѓаните точно 100 милиони евра. Тоа е практично струја што се губи и краде на разни начини, а ние ја плаќаме преку сметките.
ЕСМ оваа година со енергетската криза се обврза покрај тоа што 100 отсто ќе ги покрие потребите на универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи и целосно да ги покрие техничките загуби во системот за „ЕВН електродистрибуција“.
ЕСМ сега нуди Рамковен договор за набавка на електрична енергија за загуби на подолг период. Цената ќе биде по пазарни услови. Според тендерот, за најповолен понудувач ќе биде избран оној трговец/снабдувач кој ќе понуди најниска цена по мегаватчас за подолг период на отворен пазар. Понудите требаше да бидат доставени до минатиот петок.
Лани во однос на една година претходно, зголемено беше количеството на загуби за речиси 59.000 мегавати, а згора на тоа, просечната цена за покривање во 2020 била речиси двојно поевтина - само 3.330 денари за мегаватчас. Тогаш сме платиле 47 милиони евра за загуби, а само една година подоцна повеќе од двојно.
Три години по ред процентот на загубите на електрична енергија во мрежата, кои се должат на кражби на струја и неовластено користење, не може да се намали под 13,4 отсто иако редовно се прават планови како оваа појава да се редуцира.
Неовластеното користење на електрична енергија се случува поради различни причини, а истото важи и за загубите. Како најголеми причинители може да се набројат: копањето крипто валути, кражбите на електрична енергија од страна на малите комерцијални објекти коишто имаат голема потрошувачка како и приватната потрошувачка.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?
ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот
Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски
Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување




