13 Декември, 2025
0.0442

ЕСМ не го гаси „Осломеј“, бара 350.000 тони јаглен за термоелектраната

Објавено во: Економија 27 Мај, 2022 07:44

Добивај вести на Viber

Поради енергетската криза, термоелектраната „Осломеј“, која инаку претходно подолго време не работеше, продолжува со производство на електрична енергија, иако беше планирано да се изгаси во април со крајот на грејната сезона. АД ЕСМ изминатата недела објави јавен повик за набавка на 350 илјади тони јаглен, а од таму велат дека капацитетот во Кичево работи и во моментов. Така ќе биде затоа што се уште на сила е вонредната состојба со енергетската криза со уредба чиј рок истекува на 9 јуни.

- ТЕЦ Осломеј е предвидено да работи и во грејната сезона 2022/23г, со набавен јаглен, но и со засилен ископ на сопствен јаглен во постоечкиете преостанати наоѓалишта на РЕК Осломеј или доколку се успее да се обезбедат нови пристапи. Според планот за производство, ТЕЦ Осломеј ќе работи континуирано од октомври до април во следната грејна сезона, велат од ЕСМ.

Отворениот систем на набавка на јаглен ќе биде отворен до вршењето избор и потпишување договор или договори, односно до набавка на количините кои се бараат во објавата.

За време на грејната сезона „Осломеј“ работеше по потреба, односно со повремен режим на работа според потребите на електро-енергетскиот систем или при застои и ремонти на другите електрани. Во тој период и со тој режим, според податоците кои ни ги даде ЕСМ, потрошени се 175.000 тони јаглен и 5.360 килограми мазут

Термоелектраната во Кичево започна со работа во периодот кога паднаа температурите, заради засилување на производството, по претходни неколкунеделни подготовки. „Осломеј“ како капацитет се вклучува по потреба последните пет години заради недостиг на јаглен. Претходните две години работеше само во исклучителни околности. Инсталиран капацитет има од 110 мегавати.

Со „зелената агенда“ на Владата на овој простор во последно време се градат фотонапонски панели, но со енергетската криза сепак приоритетот се насочи кон негово повторно активирање.. Во меѓувреме беше променет и директорот на оваа подружница на ЕСМ. Плановите беа овој капацитет воопшто да не работи, а на територијата на рудникот да се произведува електрична енергија од сончева енергија.

Термоелектраната требаше да работи до април, по извршениот ремонтот во ноември.


А.К.

Можеби ќе ве интересира

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?