ЕСМ очекува експресна дозвола за затоплување со дизел
Објавено во: Економија 16 Ноември, 2022 07:28
ЕСМ ќе се повика на одлуката за кризна состојба во енергетика за да издејствува за побрзо време добивање на еколошка дозвола од Министерството за животна средина за работење на скопските топлани на дизел како алтернативно гориво, дознава „Фактор“
Министерот за животна средина, Насер Нуредини претходно потврди дека Министерството не издало дозвола на топланите за користење на дизел, затоа што тоа гориво воопшто не е предвидено во постоечката еколошка дозвола за користење на гас. Оттаму објаснуваат дека законот предвидува доколку се бара дозвола за користење на друго гориво, постапката трае 90 дена, но користењето на дизелот не е предвидено во таквата дозвола..
- Во кризни времиња, треба да се однесуваме кризно. ЕСМ поднесе формално-правно барање од Министерството за животна средина за дозвола за користење на дизел како алтернативно гориво на природниот гас и очекуваме решението да го добиеме за брзо време затоа што ќе се повикаме на кризната состојба. Треба и побргу да започне тестирањето затоа што од геополитички причини може да нема гас во кое било време, а системот не може да издржи ако сите се греат на струја, велат извори од раководството на ЕСМ.
Од ЕСМ додаваат дека немаат дозвола од користење на алтернативно гориво, затоа што претходната лиценца била во сосптвеност на БЕГ, од каде на времето имало и по десетдневна потрошувачка на мазут за загревање на Скопје. Од таму додаваат дека во зимските месеци, возилата кои работат на дизел гориво би загадувале десет пати повеќе отколку топланите Исток и Запад.
Одлуката за продолжување на кризната состојба во делот на енергетиката е продолжена до 30 април следната година. Од Животна средина остануваат на ставот дека препорачуваат да се користи еколошки горива, но сите мора да бидат свесни дека мора да се најде решение за Скопје да не остане без парно греење.
Греењето на дизел е загрижувачки за живоптната средина, екологистите во неколку наврати алармираа дека вквата алтернатива ќе го дозагади Скопје, кој и онака се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот.
ЕСМ обезбеди гас за топланите Исток и Запад само за до крајот на ноември. Компанијата останува на ставот дека ќе набавуваат гас за кратки периоди со цел да се заштедело, бидејќи цената на гасот континуирано паѓала .А.К.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




