ЕСМ: Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска
Објавено во: Економија 10 Јануари, 2025 14:37
Интегрално соопштение
Објавениот јавен повик на 31.12.2024 година (вторник), за набавка на резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на топланите, од страна на ЕСМ Производство на топлина-ДООЕЛ Скопје заврши. Ве известуваме дека на отворањето на јавниот повик на 08.01.2025 година(среда) не беше доставена ниту една понуда. ЕСМ Производство на топлина работи во насока да се изнајде соодветно решение.
Да потсетиме, Топланите со кои управува ЕСМ Производство на топлина ДООЕЛ Скопје користат исклучиво природен гас како примарно погонско гориво во процесот на производство на топлинска енергија и така ќе продолжи и во иднина. Вршителот на дејноста производство на топлинска енергија има законска обврска да обезбеди оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет согласно лиценцата, со цел да обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано производство на топлинска енергија.
Токму затоа, ЕСМ Производство на топлина, поради законската обврска, објави јавен повик за доделување на рамковна спогодба за набавка на резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на топланите најмногу до 11.000.000kg.
Огласот беше јавно објавен на интернет страницата на АД ЕСМ www.elem.com.mk и во јавните гласила Службен Весник и Коха и беше достапен за сите заинтересирани економски оператори. Согласно објавениот оглас, друштвото планира да додели рамковна спогодба со избраниот добавувач, односно го задржува правото да набавува количини на мазут согласно тековните потреби, односно да не набави воопшто доколку се покаже за непотребно. Во техничките спецификации за предметот на набавка во тендерската документација е дефиниран стандардот кој мазутот треба да го задоволува, согласно барањата на домашната регулатива, како и индикативните количини кои би биле потребни за максимален режим на работа на топланите за 15 дена. АД ЕСМ
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




