19 Декември, 2025
0.0526

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2025 14:48

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ вонредно купува струја на отворениот пазар од трговци-снабдувачи откако пред два дена се случи инцидент во  РЕК Битола, кога блок 2, единствениот што во моментот произведуваше струја, автоматски се исклучи од системот,.

Официјално, системот детектирал зголемена температура, поради пожар во близина на ормарот за електронско управување. Од ЕСМ предупредија на потенцијална саботажа, оти покрај орманот се пронајдени опожарени дрвени елементи, па се наведува на тоа дека некој влегол, намерно го запалил огнот, за да предизвика исклучување на блокот. 

Во меѓувреме, целата централа остана без работа бидејќи првиот блок е во редовен ремонт, а третиот е исклучен поради намалена побарувачка. Од ЕСМ смируваат, струја има доволно, оти  недостатокот го обезбедуваат хидроцентралите и купената струја на берза. 

Денеска се објавени резултати, според кој ЕСМ Продажба купува електрична енергија за наредните три дена. Од шест трговци ќе бидат купени повеќе од 12.000 мегаватчасови по цена од околу 90 евра по мегаватчас. Тоа значи дека преку објавен повик ќе бидат потрошени над еден милион евра. Претходно, последен пат ЕСМ купуваше увозна струја од надворешни снабдувачи во април.за време на грејната сезона.

Ова не е првпат сомнителен инцидент да ја погоди централата. Пред четири години, голем пожар го уништи трансформаторот на еден од блоковите, предизвикувајќи огромна штета и година ипол чекање на набавка на нов трансформатор. Виновникот е се уште непознат. РЕК Битола е објект од стратешко значење и е под посебно обезбедување. Кој и зошто би сакал да му наштети, ќе отркие истрагата, во која ќе се прегледуваат и надзорните камери.

На почетокот на 2023 година Блок 3 на РЕК „Битола“ имаше проблеми во функционирањето поради увозниот јаглен кој што по употребата остави наслаги слични на бетон со нивно тешко и ризично отстранување за постројката. Згурата предизвика сериозни оштетувања во Блок 3 поради несоодветниот состав на јагленот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?