Добивај вести на Viber
Бројот на невработени во Грција, Шпанија и Португалија ќе се зголемува, но веќе се надѕира крајот на економската рецесија во овие земји. Невработеноста во Грција ќе остане висока до 2015 година и ќе биде на ниво од 27 проценти, објави во денешната анализа грчкиот весник „Етнос“.
Според весникот, се очекува Грција да остане во рецесија шеста година по ред, и во 2013 година нејзината економија да се намали за 4,5 проценти.
„Бескрајното буџетско штедење не даде резултати и невработеноста меѓу младите останува сериозен проблем за еврозоната. Невработеноста меѓу младите се смета како најсериозната закана за економијата на еврозоната заедно со банкарскиот систем на ЕУ“ - тврдат аналитичарите.