ЕЦБ им даде уште 900 милиони евра на грчките банки
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2015 19:56
На вонредната седница Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи да го зголеми со нови 900 милиони евра лимитот на Механизмот за итна ликвидност за грчките трговски банки (програмата ELA) до малку под 91 милијарди евра.
Одлуката на ЕЦБ да се зголеми големината на програмата ELA доаѓа во момент кога грчката влада дискутира за вториот пакет реформи во парламентот. Тоа е факт помалку од неделата, откако Централната банка го крена таванот на Механизмот за итна ликвидност со 900 милиони евра на своето редовно заседание минатиот четврток.
Од 29-ти јуни до 16-ти јули големината на програмата ELA беше замрзната на ниво од малку под 89 милијарди евра и тоа ги принуди властите во Атина да наметнат контрола врз капиталот, да воведат "банкарски одмор" и ограничен лимит од 60 евра на ден за влечење на средства од банкоматите во земјата. По одлуката на ЕЦБ минатата недела банките во Грција повторно ги отворија вратите во понеделник, задржувајќи го лимитот на влечење од 60 евра на ден, но во исто време им дозволија на Грците да ги извадат одеднаш вложените 420 милиони евра во рок од една недела.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




