18 Декември, 2025
0.0433

ЕЦБ почнува да купува корпоративни обврзници од 8 јуни

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2016 16:00

Добивај вести на Viber

Европската централна банка почна да откупува корпоративни обврзници од 8 јуни. Од тој датум централните банкари ќе прибегнат кон оваа мерка и ќе започнат да откупуваат и деноминирани небанкарски корпоративни обврзници во евра со инвестиционен рејтинг, стана јасно по објавувањето на новата одлука за каматните стапки.

Инаку ЕЦБ не ги промени ниту каматните стапки, ниту големата програма за стимулации, пишува во соопштението на банката.

Промени во монетарната политика на банката не се очекуваат, бидејќи некои од мерките, објавени во март, допрва ќе влезат во сила. Станува збор за новата програма за насочени долгорочни операции рефинансирање за банките (Targeted longer-term refinancing operations, или TLTRO II), која почнува на 22 јуни.

Специјализираното списание WBPonline коментира дека од април до денес макроекономската рамка во еврозоната не е променета којзнае колку, поради што не можеше да се очекуваат промени во програмата за олеснувања.

Стенограмот од последната седница на ЕЦБ во април го покажа критичниот тон на претседателот на банката Марио Драги и неговиот тим кон недостатокот или доцнењето на структурни реформи во земјите од еврозоната.

По самото заседание, тој посочи дека, со мали исклучоци, во последните 4 години банката била единствената институција кој воведува политики за стимулирање на растот.

На денешната прес-конференција на Марио Драги, која започнува во 15:30 часот инвеститорите ќе ја следат внимателно реториката. Ова заседание е последното пред референдумот за еврочленството на Велика Британија на 23 јуни, поради што претседателот на институцијата може да издаде предупредување за последиците од евентуално излегување на Велика Британија од Европската унија.

Голем број аналитичари очекуваат на пресконференцијата Драги да прогласи покачени проекции за инфлацијата кои сепак би се должеле на технички фактори, најмногу на поскапувањето на нафтата.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа