18 Декември, 2025
0.2472

ЕУ бара од Путин да не ја прекинува испораката на гас

Објавено во: Свет 21 Мај, 2014 13:02

Добивај вести на Viber

Европската унија го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува договорите за снабдување на Европа со гас, во одговор на заканите на Москва дека ќе ја прекине испораката на гас за Украина од 3-ти јуни, што може да предизвика проблеми во доставата и во другите европски земји. „Додека траат тројните разговори меѓу Русија, Украина и ЕУ, испораката на гас не треба да се прекинува. Сметам на тоа дека Руската федерација ќе го почитува договорот“, истакна претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во писмо испратено до Путин. Тој додава дека руската компанија „Гаспром“ има одговорност да ги обезбеди потребните испораки како што е предвидено во претходните договори со европските компании. „Приоритет е сите страни да продолжат да се ангажираат конструктивно во тој процес и да постигнат договор за цена која ќе одговара на состојбата на пазарот“, напиша Баросо. Следниот состанок на трите страни е закажан за 26 мај во Берлин. Путин на 14 мај испрати писмо до европските лидери во кое ги предупреди дека Москва не добила никаков конкретен предлог од ЕУ во врска со плаќањето на испорачаниот руски гас за Украина и ја повика Унијата поактивно да се вклучи во решавањето на овој проблем.  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва