EУ без одлука за сместување на мигранти до есен
Објавено во: Свет, Македонија 10 Јуни, 2015
Членките на Европската унија најверојатно нема да успеат во текот на јуни да постигнат согласнот за сместувањето на 40 000 азиланти, што значи дека таа одлука нема да биде донесена пред септември, потврдија европски извори.
Европската комисија во текот на минатиот месец изнесе предлог за сместувањето на мигранти, како би се намалило оптеретувањето на Италија, Грција и Малта кои се обидуваат да се изборат со преголемиот број на пристигнати мигранти.
Портпаролот на европското председништво од Латвија, Јанис Берзинс, рекол дека министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе се состанат наредната седмица и дека прашањето на миграција ќе биде високо на дневен ред, но дека нема да биде донесена никаква одлука.
Европскиот извор, кој барал анонимност, истакнал дека лидерите на ЕУ ќе ја продолжат дискусијата на самитот во Брисел на 25 и 26 јуни, но дека „програмот за мигранти ќе биде многу тешко усвоен“.
Спорд наводите на изворот, во текот на летото не се планирани никакви состаноци, што значи дека европските претставници за ова прашање нема да разговараат до септември.
Да се подели „теретот“ на мигранти
Министрите на ЕУ претходно го одобрија планот за воена операција насочена кон криумчарење на луѓе, но за одлуката за уништување на нивните бродови мора да добијат и одобрение од ОН.
Европската комисија исто така ги изнела плановите дека и останатите членки ќе го поделат теретот на мигрантите со земјите кои се први на нивен „удар“, како што се Италија , Малта и Грција.
Некои членки на ЕУ, меѓу кои е и Велика Британија , на тоа се спротиставија.
Според податоците на Меѓунароната организација за миграција, од почетокот на годината најмалку 1770 мигранти исчезнале во водите на Медитеранот настојувајќи да стигнат до ЕУ, што е 30 пати повеќе од истиот период лани.