МУ ДАЛА ОГРОМНА СУМА ПАРИ: Лажен Бред Пит измамил Французинка
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2025 20:55
Лажен Бред Пит измамил Французинка така што му дала огромна сума пари.
Французинката Ана која има 53 години во емисијата „Seven to Eight“ изјави дека поверувала дека е во љубовна врска со Бред Пит, па така на оваа лажна ѕвезда ѝ испратила 830.000 евра. Таа дури и се развела поради него.
Измамникот тврдел дека му требаат пари за лекување на бубрегот и дека банкарската сметка му била блокирана поради бракоразводната постапка со поранешната сопруга Анџелина Џоли. Ана, која по професија е декоратерка на ентериер и има тешкотии со менталното здравје, година и пол верувала дека навистина разговара со познатиот актер, а сфатила дека е измамена дури кога медиумите објавија дека Бред Пит е во врска со Инес де Рамон.
Новинарот Хари Розелмак изјави дека телевизијата „TF1“ одлучила да го повлече овој прилог откако Ана станала жртва на потсмев на социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) АВТОБУС УДРИ ВО АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО СТОКХОЛМ: Има жртви и повредени
„ОВАА МИСИЈА ЈА БРАНИ НАШАТА ТАТКОВИНА, ГИ ОТСТРАНУВА НАРКОТЕРОРИСТИТЕ“: Хегсет за операцијата „Јужно копје“
Робот во Унгарија изградил куќа од 100 квадратни метри за три дена: Заменува група од пет ѕидари
Зеленски: Никој не ги тера да умираат за урнатини, ќе ги поддржам нашите војници, особено командантите
(ВИДЕО) Трамп го праша сирискиот лидер колку жени има, но и го прсна со парфем
(ВИДЕО) УКРАИНА НАПАДНА СО РАКЕТАТА „ФЛАМИНГО“: Погоди важна цел во Русија
(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица
(ВИДЕО) ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ФРАНЦИЈА: Крадци со динамит кренаа во воздух банкомат
ТАА Е СОГРАЃАНКА НА ПУТИН: Ќе оди во затвор затоа што пеела песни против Кремљ





