ЗАЛОЖНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ: Трамп е задоволен што Израел и Хамас се договорија за примирје
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2025
Израел и палестинската терористичка група Хамас се договорија за примирје.
Новиот американски претседател Доналд Трамп, веднаш по објавувањето на веста за договорениот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, напиша дека има договор за заложниците.
„Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток. Наскоро ќе бидат ослободени“, напиша Трамп.
Според извештаите, примирјето и договорот за заложници меѓу Израел и Хамас беа постигнати по одделните состаноци што катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани ги одржа со Хамас и израелските преговарачи во неговата канцеларија.
Претставникот на Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф беше вклучен во тимот на претседателот во заминување Џо Бајден кој посредуваше во преговорите помеѓу Израел и Хамас. Тој се сретна со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на 11 јануари, како дел од офанзивата за постигнување договор за примирје.
Трамп претходно го повика Хамас да ги ослободи заложниците до 20 јануари кога тој ќе стапи на функцијата претседател. На 7 октомври 2023 година, Хамас го нападна Израел и зема заложници.