27 Април, 2025
0.0267

„ЕУ ДА ПОЧНЕ ДА ГИ ИСПОЛНУВА ВЕТУВАЊАТА, ПО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ГРАЃАНИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ИЗНЕВЕРЕНИ“: Димитров во интервју за „Катимерини“

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2024 07:40

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, потенцира дека по Преспанскиот договор, граѓаните се чувствуваат изневерени бидејќи ЕУ не успеала да го одржи ветувањето и да започне пристапни разговори со Северна Македонија

Ниту Нова демократија ниту ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да го урнат напорно изградениот мост преку Договорот од Преспа и тоа е позитивно, вели во интервју за „Катимерини“, поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Тој за неделното издание на грчкиот весник потенцира дека по Преспанскиот договор, граѓаните се чувствуваат изневерени бидејќи ЕУ не успеала да го одржи ветувањето и да започне пристапни разговори со Северна Македонија, а на тоа се надополнува и ветото од Бугарија.

„Импресивно е колку малку се свесни и во Грција и во Северна Македонија за тоа колку беше тежок компромисот за другата страна. Секоја страна ги признава само своите отстапки. Позитивно е тоа што ниту Нова демократија ниту ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да го урнат мостот што со толку напор го изградивме. Двете страни ги уживаат плодовите на Договорот, а во исто време ги обвинуваат нивните претходници за слабостите што се констатираат. Сепак, долгорочно, мостот без грижа и одржување може да се оштети. Клучната состојка овде ќе биде одговорно раководство за да ги донесе поблиску двете реалности“,вели Димитров.

Тој смета дека се неопходни преговори, средби, отворено разменување мислења, добра волја и комуникација зад затворени врати, а не преку јавни изјави.

Поранешниот министер за надворешни работи вели дека од три фактори ќе зависи дали новата влада ќе може да се движи во правилна насока и да има напредок во интеграцијата во ЕУ.

„Прво, од нејзината способност успешно да плови во бурните балкански води зафатени од билатерални спорови. Одговорност што се дели со нашите соседи од ЕУ, кои реално, освен Северна Македонија, и тие можат да добијат од нејзиниот европски успех. Второ, управувањето и реформите во внатрешноста на земјата, каде што народот е жеден за правда и одговорности, економски развој и функционални институции. И на крај, улога ќе играат и надворешните фактори“,вели Димитров во интервјуто.

За „Катимерини“ уште посочува дека ЕУ не смее да биде жртва на каприци.

„ЕУ треба да почне да ги исполнува нејзините ветувања, да го ограничи смешниот број вета во пристапниот процес и да не стане жртва за внатрешна употреба на каприците од минатиот век на која било земја членка“,истакнува Димитров.

Никола Димитров како министер за надворешни работи на Македонија беше потписник на Преспанскиот договор поддржан од тогашниот премиер Зоран Заев. Од другата страна договорот беше потпишан од тогашниот грчки шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас, поддржан од експремиерот на Грција, Алексис Ципрас.Договорот беше потпишан во Нивици, Преспанско, на 17 јуни 2018 година.


Можеби ќе ве интересира

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО