Добивај вести на Viber
Да го задржи бесцaринскиот режим со Хрватска во рамките на ЦЕФТА договорот, побара вчера од Босна и Херцеговина, Европската унија. Против ова, негодување и револт изразија босанските власти.
„Предлогот на ЕУ, Хрватска да го задржи бесцарински режим со БиХ и по 1 јули не е фер и е спротивно на интересите на нашата економија“ - рече министерот за надворешна трговија и економски односи, Мирко Шаровиќ.
„Нашиот предлог е да се дискутира за принципот „квота заквота”. Ние сме во потрага за зголемување на квотите за шеќер, вино и риба за да продолжиме да извезуваме во Хрватска. Истата услуга, три квоти и ние ќе дозволиме за земјите од ЕУ а не 230 квоти како што се бара “, изјави Шаровиќ.