17 Декември, 2025
0.0667

ЕУ го избриша Коридорот 10 од својата мапа?!

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2014 08:31

Добивај вести на Viber

Европската унија од својата единствена трансевропска сообраќајна мрежа го исфрлила Коридорот 10, кој е главна трансверзала што поминува низ Македонија. Наместо овој, во деветте клучни коридори кон кои се насочува поддршката на Европската унија, само еден поминува низ регионот - Коридорот Ориент-Источен Медитеран, кој како рута, наместо патниот правец Србија-Македонија-Грција, поминува низ Романија-Бугарија-Грција, пренесе Порта3. Кон овој коридор и останатите осум наведени во оваа ЛИСТА ќе биде насочена европската финансиска поддршка за периодот 2014-2020 година. Овој податок предизвика внимание и во соседна Србија, каде што од опозициската Демократска партија на Србија (ДСС) ја обвинија владата дека веќе една година крие оти овој коридор не е веќе меѓу приоритетите за ЕУ. „Европската унија целосно ја заобиколи Србија, давајќи му апсолутен приоритет на Коридорот 4, кој проаѓа низ Романија и Бугарија. Затоа што не завршуваат работите на патниот правец на Коридор 10, Србија сега ја изгуби можноста за нивно натамошно финансирање од фондовите на ЕУ“, стои во реакцијата на ДСС, во која се нагласува дека истовремено заради незавршените работи на автопатот Србија постојано губи приходи од патарини. „Дали е возможно Владата на Србија и нејзините министри да не знаат дека ЕУ денес препознава само девет коридори и дека веќе една година Коридорот 10 не постои, дека ЕУ го укина? Ако знаат, зошто и натаму зборуваат за завршување на работите на Коридорот 10?“, се наведува во реакцијата. И Македонија, како резултат на ваквата промена на политиката на Брисел веројатно нема да може да се надева на нови европски пари за овој патен правец. Македонските власти засега не ја коментирале ваквата промена на транспортната стратегија на ЕУ. На Коридорот 10 со европски пари се градеше делницата Демир Капија - Смоквица, но годинава работите на автопатот беа привремено прекинати заради скандалот со финансиското работење на фирмата-изведувач на работите, грчката градежна компанија „Актор“. Автопатот Демир Капија – Смоквица се гради со 130 милиони евра средства од Европската инвестициона банка, 45 милиони евра од грант кој го обезбеди директно Европската комисија, а Европската банка за обнова и развој одобри кредит од 107 милиони евра. Овие пари беа доделени затоа што Коридорот 10 се наоѓаше меѓу приоритетните транспортни коридори во Европа. Ова е целата МАПА на приоритетните коридори за ЕУ за следните шест години. Б.А.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни