ЕУ го отфрли последниот план за реформи предложени од Грција
Објавено во: Балкан, Економија 09 Јуни, 2015 17:52
Европската унија ги отфрли предложените економски реформи од Грција со образложение дека тие не се доволни за отклучувањето на средствата од помошниот фонд, кои на Атина и требаaт, за да избегне банкрот на долгот.
Иако премиерот Алексис Ципрас изгледа подготвен на отстапки со приближувањето на крајниот рок, Брисел повторно се изјасни дека кредиторите нема да ги прифатат новите предлози за даночната политика, на државниот долг и буџетот.
Главниот портпарол на Европската комисија најавил дека предлозите се уште се разгледуваат. Само неколку часа по испраќањето на планот сепак беше прогласен резултатот од испитувањето.
„Предлозите не беа доволни за продолжувањето на процесот“, коментира еден од изворите на агенцијата „Ројтерс“.
„Тоа не е доволно и не е прифатливо за земјите членки“, коментира друг извор.
Денес ќе се одржат нови разговори во обид да се изедначат противречностите, па Ципрас ќе може да склучи договор утре во Брисел, изјавил извор близок до преговорите. Земјите од ЕУ дале голем дел од 240-те милијарди евра за Грција, сепак се повеќе се незадоволни. „Ќе направиме се за да ја задржиме Грција во еврозоната ... трпението сепак не исцрпува“, изјавил министерот за финансии Александар Стуб.
Ципрас, кој ќе се сретне со Ангела Меркел и Франсоа Оланд утре, се согласи да се зголеми ДДВ и понудил повисок буџетски суфицит во обид да се договори со кредиторите. Европските лидери ја истакнуваат потребата од итен договор. Спасувачката програма на ЕУ и ММФ истекува на крајот на јуни, а Атина треба да направи значителни плаќања кон Фондот, кои нема како да се извршат без ново финансирање.
Денес Ципрас ќе се сретне и со политичкиот секретаријат на владејачката партија „СИРИЗА“, во која влегуваат како комунисти, така и проевропски претставниците на партијата. Минатата недела премиерот ги отфрли предлозите на кредиторите, бидејќи биле „апсурдни“, но денес изрази надеж дека ќе биде постигнат договор.
Тој посочил дека е подготвен да се согласи со барањата од ЕУ и ММФ за примарен буџетски суфицит, но во оваа фаза, се чини, нема намера да ги почитува барањата за намалување на пензиите.
„Мислам дека сме многу блиску до договор за вишокот за следните години“, изјави тој за „Кориере дела Сера“.
„Сепак, треба да има повеќе позитивен став кон алтернативното намалувањето на пензиите и наметнувањето на рецесиони мерки“.
Ципрас предупредил дека ако Грција банкротира, може и да излезе од еврозоната без особени тешки последици. „Ова ќе е почеток на крајот на еврозоната“, изјавил тој. „Ако Грција банкротира, пазарите веднаш ќе почнат да ја бараат следната страна. Ако преговорите пропаднат, цената за европските даночни обврзници ќе е огромна“, додал премиерот Ципрас.
Тој ја отфрлил и идејата за предвремени избори, кои би можеле да помогнат во надминувањето на конфронтацијата со кредиторите. „Не очекувам и не сакам избори ... нема да ги предадам Грците“, изјави Ципрас.
Во понеделник ЕЦБ изјавиле дека заминувањето на Грција ќе има многу мало влијание врз еврозоната поради малата големина на земјата и развојот на заштитни мерки кои треба да го спречат ширењето на кризата.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




