05 Декември, 2025
0.5427

ЕУ и САД постигнаа договор за нивниот трговски спор - што ќе значи тоа во пракса?

Објавено во: Економија 21 Август, 2025 18:42

Добивај вести на Viber

Европска Унија(EУ) и САД денеска објавија заедничка изјава за договорот што двете страни го постигнаа во нивниот трговски спор.

„Овој рамковен договор ќе ги постави нашите трговски и инвестициски односи, едни од најголемите во светот, на солидна основа и ќе даде нов импулс за реиндустријализација на нашите економии“, се наведува во заедничката изјава.

Економиите на САД и ЕУ заедно сочинуваат 44 проценти од светската економија.

Клучните точки во документот вклучуваат царини од 15 проценти за повеќето европски стоки увезени во САД, со специфични стапки за автомобили поврзани со законодавните активности на ЕУ.

Брисел се согласи да ги суспендира царините за индустриски стоки и за голем број земјоделски производи, а САД исто така ќе ги намалат царините.

Договорот опфаќа купување на енергетски суровини за 750 милијарди долари и 600 милијарди долари инвестиции од ЕУ до 2028 година. Договорот  влијае на дигиталната трговија и еколошките прописи.

Претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен кон крајот на минатиот месец објавија сеопфатен трговски договор со кој ќе се воведат царини од 15 проценти за повеќето европски стоки. Со тоа се избегнаа царините од 30 отсто, што ги најави Трамп доколку не се постигне договор до 1 август.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?