19 Декември, 2025
0.0401

ЕУ издвои 273 милиони евра за Западен Балкан

Објавено во: Економија 27 Март, 2013 13:45

Добивај вести на Viber

Европската комисија ги финализираше серијата мерки за промоција на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, за што ќе издвои 272,7 милиони евра за периодот 2012-2013 година.

Според еврокомесарот за проширување Штефан Филе, овој фонд е добра вест со оглед на тоа што регионалната соработка е централен елемент во напорите на Европската унија за унапредување на реформскиот процес во земјите од Западен Балкан.

- Овие средства ќе му помогнат на регионот да постигне економски просперитет и политичка стабилност, вели Филе.

Европската комисијата смета дека со ова ќе се дополни финансирањето на индивидуалните национални програми со фокус на регионалните аспекти и ќе им се овозможи на земјите да разменат искуства меѓусебно.

Оваа сума од речиси 273 милиони евра за земјите од регионот, меѓу кои е и Македонија, ЕУ ја издвојува во рамки на мултикорисничката и прекуграничната програма на Инструментот за претпристапна помош за 2012-2013 година за земјите што се во фаза на зачленување во Унијата.

Како што е познато, од 2007 година земјите што сакаат да станат дел од ЕУ добиваат финансиска помош од Брисел преку ИПА фондовите, при што целокупниот буџет за оваа намена за периодот од 2007 до 2013 година изнесува 11,5 милијарди евра. Инаку, Инструментот за претпристапна помош (ИПА) се состои од пет компоненти: помош за транзиција и институционална надградба, прекугранична соработка, регионален развој, развој на човечките ресурси и рурален развој.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар