ЕУ ЈА СОСТАВИ ЛИСТАТА НА БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Вратена е и Македонија
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2021
Македонија е вратена на листата на ЕУ безбедни земји.
Ова го пренесе агебнцијата Ројтерс, наведувајќи дека Владите на Европската унија денеска се согласиле да ги додадат Соединетите држави на нивната листа на земји од кои ќе дозволат несуштинско патување, соопштија дипломатите на ЕУ.
Како што пишува Ројтерс, амбасадорите од 27-те земји на ЕУ го одобриле додавањето на Соединетите држави и на уште пет други земји на денешниот состанок во средата, а промената ќе стапи на сила во наредните денови.
Од државите кои се вратени на листата безбедни земји, ќе бидат додадени Албанија, Либан, Северна Македонија, Србија и Тајван, додека кинеските административни региони Хонг Конг и Макао ќе бидат вклучени со отстранет услов за реципроцитет.
На земјите од ЕУ им се препорачува постепено да ги укинуваат ограничувањата за патување за сегашните осум земји на списокот - Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.
Поединечни земји од ЕУ сè уште можат да се одлучат да бараат негативен тест КОВИД-19 или период на карантин.
Извор: Ројтерс* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.