ЕУ ја тргна Македонија од листата безбедни земји
Објавено во: Македонија 30 Август, 2021
Европската Унија ја отстрани Македонија од листата безбедни земји чии граѓани без ограничувања можат да патуваат во блокот поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус. Од листата се тргнати и САД, Израел, Косово, Либан и Црна Гора, објави Ројтерс.
Оваа одлука значи дека македонските граѓани повторно ќе се соочат со ограничувања и построги контроли при несуштинските патувања во Европската Унија, како тестирање за коронавирус и карантин. Таа не е обврзувачка за сите членки на Унијата, туку секоја држава има право да воведе свои гранични правила. Таканаречената листа на безбедни земји, на која се најде и Македонија, беше усвоена од Брисел на 15 јули годинава и на неа се најдоа 23 држави. Сепак, листата е подложна на промени врз основа на ситуацијата со коронавирусот во секоја држава. Во изминатата недела, просечната дневна бројка на новозаразени во САД била 450 на милион жители, во споредба со 40 во средина на јуни. Стапката била уште полоша во Косово, Израел и Црна Гора.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.