26 Ноември, 2024
0.0267

ЕУ: Ќе го вработиме и обновиме Балканот

Објавено во: Економија 07 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Европската комисија и Советот на министри на ЕУ, подготвуваат програма за проширување во првата половина од оваа година, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе во расправата која ја свика групата на социјалистите во Европскиот парламент со цел да се разгледаат социјалните и другите последици од европската криза на проширувањето. ЕК  работи на програми за отварање нови работни места и социјални реформи во земјите кандидати за членство, објасни Филе. Според неговите изјави во план е , преку фондот Рамка за инвестиции на Западен Балкан  да се обезбедат средства за изградба и осовременување на важни области како сообраќајот, енергетиката, климатските промени, како и за социјалниот сектор. Тој истакна дека од голема корист е и охрабрувањето на зоната ЦЕФТА за слободна трговија на Западен Балкан, која зона според него може да се продлабочи и прошири, секако со поволни услови за странски инвеститори со што ќе се унапредат инфраструктурата и логистиката во регионот. Филе изјави дека ова го најавила Европската комисија во Стратегијата за проширување која ја прифатија лидерите на ЕУ. Осврнувајќи се на „загриженоста поради социјалните последици од проширувањето, Филе  укажа дека Европската комисија  најавила „Дијалог за вработување и социјални реформи“, во земјите кои се на пат за влез во ЕУ. Тоа значи економски раст во процесот на проширување, во согласност со стратегијата на ЕУ за јакнење на економијата, конкурентноста, иновациите и отварањето на нови работни места до 2020 година. Тој дијолг има за цел изработка на програма со отворање на работни места и социјални реформи, практични чекори за постигнување на тие цели. Дијалогот оваа година ќе стратува со Турција и Црна Гора, а наредната година со Македонија и Србија. Филе  најави и дека економската криза во ЕУ има тешки последици и во Западниот Балкан,со голема невработеност, особено кај младите, осиромашување и влошување на условите за работа заради слабото владеење на правото и високото ниво на сива економија. Поради што враќањето на трајниот економски раст е голем предизвик за земјите од Западниот Балкан, предупреди комесарот, истакнувајки дека ЕК е подготвена да им помогне на владите од регионот. Што  конкретно и во краток рок значи засилен надзор на економиите на земјите од регионот и барање од владите среднорочно да ги унапредуваат и да ги засилат економските програми и политики. ЕК ќе продолжи да ја користи Рамката за финансирање на Западниот Балкан за кредитирање на инвестиции во транспортот, енергетиката, климатските промени и социјалните мерки. Филе повтори дека политиката за влез на новите членки во ЕУ се темели на строги услови, со акцент кон зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Според Штефан Филе процесот кој води до влез на нови членки на ниеден начин не ја предизвикал кризата во ЕУ, иако во унијата има замор од проширување, а на Западниот Балкан замор од реформи – се повеќе од владите од регионот ги ставаат домашните потреби пред задачите и подготовките за членство во ЕУ.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката