ЕУ праќа 400 000 евра како помош на Србија за сместување на бегалците
Објавено во: Балкан 08 Септември, 2015 18:54
Делегацијата на Европската унија во Србија е подготвена на молба на Владата на Србија, да обезбеди преку 400 000 евра помош за подготовка на привремено сместување за бегалците во Белград.
За тињ цели е изберен и партнер од невладиниот сектор кој ќе ги води проектите од оваа помош, соопштила денес Делегацијата.
Со тоа итната финансиска помош од ЕУ за Србија за решавање на бегалската криза достигнала речиси 2,5 милиони евра, се наведува во соопштението и се додава дека се водат разговори за понатамошна помош, како и дека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува реформите на системот за добивање азил во Србија како и подобрување на контролите на границите.
„ЕУ е задоволна што може да ја обезбеди оваа додатна помош за Србија. Владата на Србија реагираше позитивно и одговорно на бегалската криза. Како и во случај на голема помош и после минатогодишните поплави, ЕУ е водечки партнер на Србија во соочување со новите предизвици“, рекол шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, амбасадорот Мајкл Давенпорт.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




