ЕУ преку проекти до поддршка за слободата на медиумите
Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2015 20:19
Слободата на медиумите е исклучително важен фактор во борбата за заштита на човековите права. Доказ за ова е и фактот дека револуциите во арапските земји не би можеле да бидет организирани без помош на социјалните мрежи.
За да излезе на виделина кршењето на човековите права, потребно е пред се една работа - слобода на медиумите. Таа гарантира дека за овие прекршоци може да се дискутира.
„Нема слободни медиуми без слободен печат“, е мото кое сите го познаваат. Автократи и диктатори влијаат на печатот и новинарите, како би се одржали на власт и како само нивната вистина и ставови би можеле да излезат во јавност. Каде не постои слобода медиумите не можат да се развиваат во демократска структура, бидејќи не постои судир на мислења помеѓу различни политички алтернативи, помеѓу владата и опозицијата. Нема место ни за тоа дека цивилното друштво и невладини организации влијаат на официјална политика.
Медиумите на партиите им се потребни поради: популаризација на нивните поитики, пропаганда на нивните политички ставови, оправдување на политичките потези, заташкување на промашувања и истакнување на успехот. Голем број медиуми кои се на „една страна“ не се пристрасни поради тоа се на било кој начин присилени, туку редакциите, главните уредници или други влијателни личности во сопствената структура на медиумите се симпатизери на некои од политичките опции, па од сопствени убедувања работата на начин на кој работат. Меѓутоа, постојат и оние медиуми кои се под директно контрола на некои политички партии, што покажуваат и бројни истражувачи. Новинарите кои работат во медиумите кои се под директна контрола на некоја политичка партија се соочуваат со многу етички проблеми како на пример: Како да остварат новинарска задача ако таа е во спротивност од партијата која го контролира медиумот?
Слободата на медиумите колку е присутна, сами знаете. Генерално, слободата на медиумите ќе биде толкава колку медиумксите работници и вработени се изборат за неа и во која мера ќе успеат да го сочуваат дигнитетот на една од најтешките и најодговорни професии.
Понекогаш и самите вработени во медиумите свесно или не ја деградираат професијата и на тој начин себе и медиумите се ставаат во зависна положба, а од друга страна актуелната власт, без разлика за кој се работи, сметаат дека медиумите природно им припаѓаат на нив и дека тие им се припаѓачко средство за отварање на нивните цели, велат долгогодишни новинари.
Со денови би пишувале за проблемите и притисоците со кои се соочуваат медиумите.
Она што би го истакнале како главно е дека Европската унија ќе издвои 5 милиони евра за проект со кој ќе ја подобрува состојбата со слободата на изразување и медиумските слободи во Македонија.
Од ЕУ сметаат дека ова е еден проблем под нашето небо кај кое нема напредок во изминативе години.
Мартин Клауцке, раководител за соработка при Делегацијата на ЕУ во Македонија, најави дека за неколку месеци почнува нов твининг проект со Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги за слобода на изразување и поддршка на медиумските реформи. Твинингот ќе биде придружен со ЕУ финансиран проект за набавка на опрема за мониторинг на медиумската содржина и би сакале да ги поканиме граѓанските организации да аплицираат за учество во проектот којшто има севкупен буџет од 5 милиони евра кои ќе бидат достапни, рече Клауцке.
Во однос на транспарентноста во Законот за аудио и аудио возиуелни медиумски услуги, нагласи Клауцке, треба да се почитуваат сите овие одредби целосно и да се осигура дека јавните средства се користат за обезбедување информации кои се од општ јавен интерес и за промовирање на активностите на Владата. „Регулаторот кој неодамна го смени своето име ги прошири мониторингот, медиумската сопственост и пазарната концентрација, но и натаму има прашања во однос на објективноста и транспарентноста која се однесува на овој пристап. Политичката независност на јавниот радиодифузен сервис се уште не е цврста. Ова беа пораките кои беа истакнати во Извештајот за напредок, но и денеска се исто така валидни“, наведе Клауцке.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




