ЕУ препорачува промени во ограничувањата за патување поради пандемијата
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2022 11:00
Советот на ЕУ денеска соопшти дека усвоил препорака за изменување на правилата за ограничувања на патувањата поврзани со пандемијата на Ковид.
Советот препорачува од 1 февруари ограничувањата да се засноваат на патникот, а не на местото од кое пристигнува. Предвидено е секој со валиден сертификат да може да ја премине границата без дополнителни услови.
Се препорачува важноста на потврдите за вакцинираните да биде 270 дена, за прележаните - 180 дена, а за тестираните - до 72 часа од земање мостри. Од патниците кои не се сертифицирани може да се бара да се тестираат непосредно пред патувањето или до 24 часа по пристигнувањето. Советот на ЕУ предлага општите правила да не важат за граничните работници, патниците со есенцијална цел и децата под 12-годишна возраст.
Предвидено е сите овие предлози да важат за патување од земји кои не спаѓаат во т.н. темноцрвена област каде што ширењето на болеста е силно. Денеска, по четврти пат, Советот на ЕУ издаде општи препораки за слобода на патување од почетокот на пандемијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?
ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск
НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“
Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ
Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина
Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон





