23 Јуни, 2024
0.2619

ЕУ: расте бројот на слободни работни места, а се намалува вработеноста

Објавено во: Анализа 02 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Парадоксите на пазарот на труд во ЕУ се задржуваат - во европскиот портал EURES има повеќе од 2 милиони слободни работни позиции, а во исто време вработувањето во заедницата се намалува. Ова го покажува статистиката во последниот Билтен на European Vacancy Monitor, подготвен од Европската комисија. Податоците се однесуваат за вториот квартал на 2013 година. Јужните држави се во фокус Податоците покажуваат дека јужните држави страдаат во многу поголема мера од кризата, загуба на работни места и висока невработеност меѓу младите. Вработеноста во Грција се намалува со 4,3%, во Португалија - со 4,1%, а во Шпанија - со 3,6%, покажува уште статистиката. Просекот  за целата  ЕУ вработеноста во вториот квартал на 2013 година е за 0,4% пониска во однос на истиот период претходната 2012 година. Младите без работа се исто така сериозен проблем за Југот - во Грција речиси 60% од младите ( до 25 години ) се невработени. Во Шпанија , овој процент достигнува речиси 56 , а во Португалија е малку над 39 . Просекот за ЕУ 24% од младите се невработени , наспроти 15% во 2008 година. Во јужните држави е карактеристично уште и вработување на високо квалификувани вработени на позиции за кои не бараат високо образование. Главно можностите за отворање на работни места се во областа на здравството , продажбата и администрацијата. Во исто време ниско квалификуваните службеници се речиси два пати повеќе во однос на просекот на ЕУ - 33% од сите работоспособни вработени, наспроти 16% за ЕУ . Најбараните професии Во вториот квартал на 2013 година во првата петорка на најбараните и назначувани вработени се продавачка, келнери, чистачи и негувател, иако бројот на вработените од овие сфери  се намалува во однос на вториот квартал на 2012 година. Раст на вработените сепак има во областа на земјоделството, покажува истражувањето уште кон крајот на вториот квартал на 2013 година, кога во ЕУ се вработени вкупно 269 илјади вработени во овој економски сектор. Нема промена во однос на вработените службеници во областа на здравството - вкупно 264 илјади лица. Расте и бројот на вработените готвачи - 131 илјади во вториот квартал на минатата година, покажува уште извештајот. Општо земено кризата ја донесе модата на привременото вработување, која сепак може да се покаже како нож со две острици. Во комбинација со ниска квалификација и вештини, привремената вработеност може да доведе до ниска продуктивност и полош економски развој. Ова е особено сериозен предизвик за јужните економии, каде што бројот на нискообразованите вработени е поголем од просекот на ЕУ. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите