ЕУ: Референдумот во Република Српска и се заканува на евроинтеграцијата на Босна
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2015 20:16
Прогласувањето на референдум во Република Српска е предизвик за интегритетот и суверенитетот на Босна и Херцеговина и може да и се закани на европската интеграција на државата.
Тоа го изјавил денеска Маја Коцианчиќ, портпаролката на комесарот за европроширувањето Јоханес Хан, цитирана од агенциите.
Денес пратениците во парламентот на Република Српска гласаа за спроведување на референдум за тоа дали треба националниот суд да има власт над граѓаните на територијата.
Коцианчиќ исто така, изјавила дека процесот ризикува да го поткопа процесот на придржување на Босна и Херцеговина кон патот на ЕУ, за што политичките лидери во земјата се обврзаа.
„Иницијативата за референдум го одвлекува вниманието од вистинските социјални и економски проблеми со кои граѓаните на Босна и Херцеговина секојдневно се соочуваат“, додала уште Коцианчиќ.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




