„ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ ја продолжи понудата на „Мастер Кард“ картички со 3% минимална месечна отплата
Објавено во: Економија 10 Јули, 2013 13:39
Со цел да им излезе во пресрет на своите клиенти за време на летните одмори, „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ ја продолжи понудата на „Мастер Кард“ картички со 3% минимална месечна отплата и камата од 10% на годишно ниво.
Погодностите на Мастер Кард кредитните картички граѓаните ќе може да ги користат до 31.12.2013 година.
„Сите ние летото го поврзуваме со патување, односно со можност да отидеме до нашата омилена дестинација, да се одмориме и поминеме драгоцено време со најблиските. Тоа воедно значи и дополнително оптеретување на домашниот буџет. Мастер кард на Еуростандард банка со само 3% месечна отплата на долгот има за цел да им помогне на сите оние кои размислуваат дали можат да си го дозволат заслужениот одмор. За таа цел обезбедивме и бескаматен грејс период до 45 дена за сите трансакции извршени на продажните места во земјата и странство“ – изјави Горан Јосифовски, директор на Центарот за маркетинг и развој на производи
Палетата на Мастер Кард кредитни картички на „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ може да се користи на преку 900.000 банкомати и 29 милиони ПОС терминали ширум светот.
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




