05 Јануари, 2025
0.1489

ЕВЕ КАКО И КОЈ ГО ИЗНЕЛ ГРУБИ ОД ЗЕМЈАВА: Мицкоски откри се

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил земјава и заминал во Косово. 

Мицкоски ова го потенцира во синоќешното гостување во „Click Plus" на ТВ21 кое треба да емитува со почеток од 21:30 часот.

-Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.

Премиерот во интервјуто посочува дека е донесена одлука за продолжување на реализацијата на коридорите 8 и 10Д, оти ако бил откажан проектот од „Бехтел и Енка“, државата ќе требало да исплаќа милиони.

-Кога требаше да се оценува проектот на Бехтел и Енка. Апсолутно и натаму го оценувам како најкриминален. Ако сега го откажам вас, нас и идните генерации ќе не чини милиони, затоа добив кнедла, добив политички куршуми, и решив да го решиме час поскоро. Мислете вие мило ми беше. Го имам истиот став, и за фирмата за гаќите, истото го имам, рече тој.

Посочи дека 25 милиони евра одвоиле од буџетот за финансирање на Универзитетот „Мајка Тереза“ и за ова бил нападнат од неговите колеги, но тоа, рече тој, никого не го интересира.

- Знаете колку бев нападнат од моите колеги од скопскиот универзитет? Знаете ли колкави беа ударите од „Кирил и Методиј“ врз мене… Еве јас сум професор таму или тоа никого не го интересира, бидејќи тоа не се споделува во тој микрокосмос. Можам да ви редам многу вакви примери каде што ние треба да покажеме единство, вели Мицкоски.

Тој се осврнал и на неодамнешните настани и порача дека за прв пат биле одговорни пред органите оние кои го запалиле албанското знаме. -Никогаш порано тоа не се случило. Е да, одговорни се тие кои што го палеа македонското знаме, национално, бидејќи тоа ни е заедничко, додава Мицкоски.

Инаку, според извори на Фактор, Груби веќе ангажирал адвокат и бара полесни мерки за да се врати во земјава.

Повеќе прочитајте тука

Можеби ќе ве интересира

КУМАНОВО: Малолетник заврши во болница поради повреди од петарди

КУМАНОВО: Малолетник заврши во болница поради повреди од петарди

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Левица предлага конкретни решенија за почист воздух

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Левица предлага конкретни решенија за почист воздух

ПОРАЗИТЕЛНО: Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното во Скопје

ПОРАЗИТЕЛНО: Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното во Скопје

СЕ ЗАКАНИЛ ДА НЕ КАЖУВА НИКОМУ: Гостиварец е осомничен за силување девојче

СЕ ЗАКАНИЛ ДА НЕ КАЖУВА НИКОМУ: Гостиварец е осомничен за силување девојче

ЛЕВИЦА: Загадување со смртоносни размери - Меџити веднаш да се разреши

ЛЕВИЦА: Загадување со смртоносни размери - Меџити веднаш да се разреши

ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме за Бадник и Божиќ?

ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме за Бадник и Божиќ?

СКОПЈЕ, КУМАНОВО, КИЧЕВО: Каде во Македонија утрово воздухот е најзагаден?

СКОПЈЕ, КУМАНОВО, КИЧЕВО: Каде во Македонија утрово воздухот е најзагаден?

ЗА БАДНИК СЕ КРШИ ЛЕПЧЕ: Што треба да направите ако ви се падне паричката?

ЗА БАДНИК СЕ КРШИ ЛЕПЧЕ: Што треба да направите ако ви се падне паричката?

„ЈАКНАТА МИ МИРИСАШЕ НА ОТРОВОТ, А МИРИСАШЕ И КРЗНОТО НА КУЧИЊАТА“ - актерот Тони Михајловски реагира зошто се однесуваме како да не ни пречи загадениот воздух

„ЈАКНАТА МИ МИРИСАШЕ НА ОТРОВОТ, А МИРИСАШЕ И КРЗНОТО НА КУЧИЊАТА“ - актерот Тони Михајловски реагира зошто се однесуваме како да не ни пречи загадениот воздух