27 Септември, 2024
0.0272

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА, новините веќе се доставени во Собрание

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се доствени во Собрание. Предлагачите бараат промените да се изгласаат по кратка постапка, па на предлог измените стои и европското знаменце.

Како што се посочува „со постоечката законска регулатива во постапките за издавање лиценци, од областа перење пари како докази кои се ценат се програмата за спречување перење пари и финансирање тероризам и доказите за потекло на надоместокот за добивање лиценца и докази за потеклото на средствата, стварите и правата кои се внесени во основната главнина, при што не се цени репутацијата на соработнците на друштвото, и се предлага ценење на репутација“.

- Во постапките за издавање лиценци се наметна потребата од зајакнување на доказите, како и прецизирање дека едно трговско друштво со една иста главнина и со една лиценца може да приредува еден вид игра на среќа – пишува во законот.

Се посочува дека има потреба од зајакнување на доказите кои се поднесуваат до Управата за јавни приходи во постапката за издавање решение за исполнување на просторните и техничко-технолошките услови и се пропишува надлежност на УЈП за присилна наплата на износот на надоместоците и посебните давачки кои се наплатени со активирање на банкарските гаранции. Со измените УЈП до Министерството за финансии може да побара престанок со  приредување игри на среќа ако при надзор утврди дека деловната просторија не ги исполнува просторните и техничко-технолошките услови или не врши дејност во просторија за која има добиено решение.

- Се прецизираaт условите согласно кои друштвото може да добие лиценца и условите согласно кои барањето ќе биде одбиено. Со постојниот закон не е уредена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта. Со цел заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики, се предлага уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основни и средни училишта  - пишува во предлог законот доставен во Собрание.

Се појаснува оти оддалеченоста се бара од причини што учеството во игрите на среќа претставува влегување во облигационен однос помеѓу учесникот и приредувачот, а земајќи ја предвид ограничена деловна способност на малолетниците за учество во правниот промет, како и во насока на обезбедување на заштита на малолетниците од штетните последици кои можат да ги предизвикаат игрите на среќа и правилно насочување на нивниот развој, се наметнува потребата од воведување на оддалеченост.

-  Се воведува обврска за обезбедување надзорен-информациски систем и негово поврзување со информацискиот систем на УЈП и за приредувачите на електронските и интернет игрите на среќа, како и зголемување на месечната давачка за лотариски и електронски игри на среќа – се појаснува во законот.

Со предлог-законот електронските игри на среќа може да се приредуваат само во простории за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии.

Се предлага и ограничување на бројот на уплатно исплатни места на обложувалниците со издадената лиценца, како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат клубовите што се отвораат со една издадена лиценца и воведување на надоместок за секое ново уплатно-исплатно место за обложувалница и за секоја нова деловна просторија за автомт клуб.

Се планира и воведување нов начин на плаќање на месечната давачка, ќе се плаќа или фиксен надоместок или 20 отсто во зависност од тоа кој е поголемиот износ.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ЕСМ назначи нова тура директори

ЕСМ назначи нова тура директори

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела